ФК Каменица САСА денес со почеток од 18:00 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица против ФК Кит-Го од Пехчево ќе го одигра својот втор пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона од Втората фудбалска лига. Натпреварот е уште една шанса за меѓусебно воигрување на екипата по сите позици на теренот.

Закажаното ждребување за редоследот на натпреварите во оваа сезона која беше закажана за вчера, е одложена за 7 дена. Така ФК Каменица САСА покрај тоа сеуште не го знае распоредот на фудбалските натпревари, по се изгледа сеуште не е познат и составот на противниците.

Во наредниот период каменичани ќе се фокусираат на својот интензивен тренажен процес и целокупната форма на екипата во уште неколку пријателски натпревари.
