27. Јули 2017 (kamenica.mk)
Вчерашниот пријателски натпревар помеѓу екипите на Каменица-САСА и Кит-Го од Пехчево, кој се играше во рамките на подготвителниот период пред почетокот на Втората македонска фудбалска лига беше прекинат во 60 минута. Натпреварот требаше единствено да им послужи на екипите за подготовка и проверка на формата на играчите, но гостите незадоволни од начинот на кој судијата го водеше натпреварот, најпрвин тренерот на екипата, а потоа и играчите го напиштија теренот. Врв на нивното незадоволство беше 60 минута од натпреварот кога побараа “непостоечки” пенал за судијата, по што со кратка вербална расправија излегоа од теренот.

Моменталниот резултат на натпреварот беше 1:0 за екипата на Каменица САСА. Саса одигра одличен натпревар по сите позиции на теренот, како во нападот, така и во одбраната. Голот го постигна редовниот поентер за каменичани, маестралниот голгетер Зоран Златковски.

