28. Јули (kamenica.mk)
По прекинатиот контролен натпревар во минатата среда против екипата на ФК Кит Го од Пехчево, утре ФК Каменица САСА ќе одигра уште еден контролен натпревар. Овојпат противник на Саса ќе биде штипска Брегалница. Тие пак заради ним нејасни причини завчера го пропуштија пријателскиот натпревар со Беласица од Струмица.

Новите засилувања на двете страни ќе имаат шанса за докажување пред почетокот на новата Второлигашка сезона. Блискоста на екипите по квалитет и силните амбиции во клубовите, ветуваат интересна и до крај неизвесна сезона. Па затоа убаво е уште сега да се биде на трибините, каде со сигурност ќе биде прикажан квалитетен фудбал за задоволство и радост на публиката и љубителите на фудбалот од Истокот.

За каменичани ова е трет контролен натпревар, тие во првите два одиграа со идентични 1:0 против Силекс на гости, каде загубија и дома против екипата на ФК Кит Го каде славеа со победа (натпреварот го прекина гостинската екипа поради “не фер” судење”). Брегалница во наредниот контролен натпревар игра со екипата на Осогово од Кочани.

