29. Јули Македонска Каменица
www.kamenica.mk
Македонска Каменица конечно го добива својот прв женски фудбалски клуб. Во името на ЖФК “Каменица САСА” и под водство од Зоран Златковски, од оваа сезона каменичани ќе имаат можност да уживаат и во фудбалските вештини на младите женски фудбалски надежи. Тие веќе ги започнаа подготовките, а во текот на наредните денови ги очекуваат и своите први засилувања, кои пред се доаѓаат од околните градови во регионот.

“На првата прозивка се појавија околу четериесет девојки, дел од нив заедно со новите засилувања на тимот, секако ќе бидат столбот на тимот и ќе го понесат главниот товар во првенството. Додека помладите селективно ќе земат учество во младинските категории на натпреварувања со клубот. Радува бројот на заинтересирани, тренираме само месец дена заедно, а моите импресии од нивните досега стекнати фудбалски вештини се огромни. Иако ова е наше прво првенство и ќе биде навистина тешко за сите нас, сепак предизвикот и желбата се огромни. Годинава првенството ќе брои 12 екипи, а цел на младиот дебитантски тим од Каменица е обезбедување на место во средината на табелата“ изјави Зоран Златковски, Шеф на Стручниот штаб и тренер на ЖФК „Каменица САСА”.

Првиот контролен натпревар, после досегашниот интензивен тренажен процес, младите каменичанки ќе го имаат на 06. Август во Струмица против екипата на ЖФК “Тиверија”.

Ние kamenica.mk им посакуваме многу успех и победи во натпреварувањата, со надеж дека уште многу сезони ќе се дружиме и заедно со нив и сите љубители на фудбалот во Македонска Каменица ќе ги славиме победите и ќе уживаме во нивните вештини на теренот.
