Македонија ќе игра уште два меча на СП за играчи до 21 година, во Алжир. Со нив може да се поправи крајниот впечаток, односно да се вратат комплиментите кои нашите ракометари ги уживаа по крајот на групната фаза.
За тоа потребна е, пред сè победа над Русија, денеска во 13.30 часот. Со тоа би го осигурале, најмалку, шестото место и би тргнале во борба за петтото, со подобриот од Унгарија – Тунис.