Длабок јаз меѓу најниската и највисоката плата во државата. Богатите земаат за 5 пати повисока плата од сиромашните. Ова го покажува последниот извештај на Државниот завод за статистика кој објави список на најниски и највисоки плати во државата.

Листата на најсиромашни и најбогати професии во Македонија изгледа вака:
- Рибарство и аквакултура 11.600 денари
- Производство на кожа и производи од кожа 12.600 денари
- Производство на облека 13.700 денари
- Дејности за подготовка и служење храна 14.700 денари
- Преработка на дрво и производи од дрво 15.400 денари.
Наспроти нив, е списокот на највисоки плати:
- Воздухопловен транспорт 60.900 денари
- Компјутерско програмирање 49.600 денари
- Производство на фармацевтски производи 45.700 денари
- Финансиски услужни дејности 41.600 денари
- Телекомуникации 38.900 денари.
Зошто платите во текстилната и кожарската индустрија, каде работата најголем дел од работниците на Истокот се толку ниски:
- Станува збор за трудо интензивна гранка која има повеќе социјална, отколку економска улога и која вработува многу луѓе, појасни Глигор Ивановски, економски аналитичар.
Сево ова регионот го прави нејсиромашен во државата. Со ниски плати овде се 85 отсто од вработените, околу 13 се со просечни или близу до просекот, а одвај 2 % се во компјутерскиот или телекомуникациски бизнис.
Izvor: StarTV


