Во рамки на Детските лиги – Исток, вчера на градскиот стадион во Делчево, младинските категории на ФК Каменица САСА ги одиграа своите први контролни натпревари пред почетокот на сезоната, против своите врсници од ФК Брагалница. Тренерот на каменичките млади, Стојче Милошевски е задоволен од нивната игра и се надева на уште една добра и резултатски поволна сезона. Во сите три категории на натпреварување во вчерашните натпревари детските екипи на Каменица САСА прикажаа одлична игра.

Постигнати резултати по категории:
2009/10 Брегалница – САСА 1:11
2008/07 Брегалница – САСА 2:2
2005/06 Брегалница – САСА 6:3

