
Заради пауза во домашното првенство, поради настап на македонската младинска селекција о 17 години, овој викенд девојките од ЖФК Каменица САСА ќе го одиграат својот прв меѓународен натпревар. Тие пред домашна публика на градскиот стадион во Каменица со почеток во 15:00 часот, на 24. Септември (недела), ќе одиграат пријателски меч против бугарскиот прволигаш ЖФК Спортика од Благоевград (Бугарија).

Нашите девојки во досегашните натпревари од домашното првенство немаат победа, но не треба да се заобиколи фактот дека годинава е нивна прва сезона на натпреварување. Резултатите допрва ќе пристигнат, потребана е само упорност и пожртвуваност. За посебен поздрав е и ентузијазмот на поединци од нашиот град, вљубеници во спортот, кои овозможија околу 40 и повеќе девојки да можат да се докажуваат и во овој спорт.
