
ЖФК “Каменица САСА” е финалист на турнирот што денес се игра во Струмица. Девојките од Каменица кои се натпреваруваат во кадетска категорија до 14 години (2003/05) во полуфиналниот натпревар ја забележаа и својата прва победа. Тие против ЖФК “Истатов” одиграа за победа од високи 7:0. Во очекување на победникот од преостанатиот дуел од овој турнир помеѓу екипите на домаќините ЖФК “Тиверија” и “Њу Јорк” од Скопје.
Стрелци за екипата на ЖФК Каменица САСА беа Вероника Николовска и Дајана Ристовска со по 2 постигнати гола, додека Емилија Атанасова, Ана Ристовска и Глорија Мицевска постигнаа по еден гол.
