
Алармантно е зголемен бројот на деца со зголемена тежина
Се повеќе деца во земјава имаат прекумерна телесна тежина покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Според анализата пораст на тежината од 2010 до 2016 година дебелината кај машките деца се зголемила од 37,9 на 39,4%, а кај девојчињата од 31,5 на 32,9%. Фактори кои придонесуваат за зголемена телесна тежина се слабата физичка активност и лошата исхрана.
Проблем со дебелината има и кај тинејџерите. Така 62,7% од машкиот пол и 48,4% од женскиот пол над 18 години имаат зголемена телесна тежина, а дебели се речиси 20 % мажи и 17% жени. Дебелината се смета дека е меѓу најзначајните ризик фактори за кардиоваскуларни болести и дијабетес.
