На манифестацијата „Атлета на Македонија“ во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, бодибилдерот од Македонска Каменица, Бошко Стаменковски, го зазеде второто место во категорија бодибилдинг ветерани.

Манифестацијата „Атлета на Македонија“ се одржува традиционално секоја година, а годинава полни точно 30 години од првото издание.
Инаку, Бошко Стаменковски на 23 септември по трет пат стана светски шампион во бенч прес, на Светското првенство кое се одржа во Трутнов, Чешка. Таму го освои златото во категорија до 67,5 килограми.

Претходно, во април Стаменковски во конкуренција од учесници од 5 држави на Балканот, го освои златниот медал со подигнати 122,5 килограми со што стана најсилен натпреварувач на возраст над 40 години.

Само во 2017 година, Стаменковски се закити со 4 златни и 2 сребрени медали, од кои 4 на меѓународни и 2 на домашни првенства.

