
Белоруската атлетичарка Вољга Мазуронак преживеа хорор за да стигне до златото на маратонската трка на Европскто првенство во Берлин. Во текот на трката на Мазуронак ѝ пукнал капилар во носот, па почна обилно да и тече крв.
Таа ја продолжи трката и цело време се бришеше со ракакта и од дресот, па се направи цела крвава. Успеала да се исчисти малку со влажните сунѓери, кои ги даваат попатно и за среќа сето ова не ѝ влијаеше на трчањето, па стигна прва на целта.
