Во Македонска Каменица се одигра Првиот турнир од зонската лига во кошарка (машки) за основни училишта. На турнирот кој се одигра во спортската сала во Македонска Каменица учестуваа екипи од основните училишта во Кочани, Оризари и Македонска Каменица.

На натпреварите од еднодневниот турнир беа постигнати следниве резултати:
ОУ Св. Кирил и Методиј – Кочани 54 – 10 ОУ Крсте Петков Мисирков – Оризари
ОУ Св. Кирил и Методиј – М. Каменица 15 – 39 ОУ Св. Кирил и Методиј – Кочани
ОУ Крсте Петков Мисирков – Оризари 16 – 24 ОУ Св. Кирил и Методиј – М. Каменица

