Најдоброто од Македонија, заштитено богатство од УНЕСКО како светско културно наследство, „Гласоечкото“ од Долни Подлог-Тетовско и „Копачката“ од делчевско Драмче, вечерва и утревечер ќе бидат претставени пред дипломатскиот кор во соседна Бугарија и во Рускиот-културен- информативен центар во Софија. Споени во едно, непроценливото богатство на македонската вокална и орска традиција, со свои концерти ќе ја промовираат македонската уникатна фолклорна традиција.

- Се гордееме со овој настап ова е несекојдневно за нас. Организацијата доаѓа од Минситерството з акултура и макеоднскиот-култутен информативен центар во соработка со нашата амбасада во Софија. Ова е значаен настап ја промовираме РМ со двете културни наследства, изјави Перса Стојановска, секретар на ЗФГ „Копачка“.
- Имаме чест да ја претставуваме РМ каде ќе ги претставиме македонските непроценливи богатва, две раритени нешта, засега има голем интерес кај публикатапосебно кога правиме убав спој на вокалната и орската традиција, кажа Мирослав Гавровски, Трио Гавровски.

Впишувањето на двете културни наследства од Македонија на листата на УНЕСКО, им трасира нови видици на ентузијастите кои цел живот го вложуваат, за да го сочуваат националниот бит на македонскиот човек, преточен во чекорите на „Копачката“ и на исклучителните вокали од Гласоечкото.

- Јас само се носев со мислата дека еден ден мојата работа народот ќе ја позлати и сум горд, кажа Димитар Узунски, раководител на ФГ „Копачка“.
- Ова е семејно наследство едно богатство кое го чуваме со генерации од прадедоми, па татко ми и чичковците јас сум синот на Милорад Гавровски и продолжуваме да го промовираме Гласоечкото секаде каде има интерес, изтакна Мирослав Гавровски, Трио „Гавровски“.

Концертите во Софија се продолжение на бројните настапи низ Европа, а се организираат по повод Денот на независноста на Македонија 8 Септември.

