Слушнете како Пољаци ја рокаат “Две невесте тикве брале бре” на кумановски дијалект.

Percival е полски музички фолк бенд од Лубин, формиран од музичари фасцинирани од историјата и историските настани.

Името не реферира на никаква историска фигура, туку на џуџето Персивал Шутенбах од серијалот новели The Witcher од Андржеј Сапковски, познат полски писател на епска фантастика.
