Појавата на Новак Ѓоковиќ во светскиот спорт ја надминува филозофијата на резултатите, титулите, пласманите.
Тоа воопшто не е важно иако статистички се е на негова страна, и тоа убедливо.
Тоа не е поентата.
Фигурата на Новак веќе 20 години симболизира карактер, коректност и беспрекорно ниво на емпатија кое го оплеменува спортот и ја надминува границата на гладијаторското ривалство. Он е апсолутна реплика на виртуелната стварност и во духот на колективите ширум меридијаните кои навиваат за него, он е водач на надежта и патријарх на опстанокот.
Неговата појава е филозофска димензија која обединува светови и разединува суети. Не станува збор за непосредни влијанија и директни мешања во туѓи животи. Неговата појава и витештво рефлектираат, исто како сонцето, од исток кон запад. Само што на запад тие зраци се апсолутно оспорувани, неприфатливи и деградирани. За нив е идеално тоа да изгрева и заоѓа на запад. За тоа се тие свирежи и оспорувања, стравови и негодувања. А он мртов ладен физички и длабоко повреден психички.
Тоа е просто филозофијата на опстанокот, издржливоста и пркосот.
Му се допаѓало тоа некому или не, он е исто ниво со војникот што бесконечно трчал, во античка Грција да го израдува кралот дека е крај на војната. Така е обзнанет маратонот. Веројатно се работи за нај монументалната фигура во светот на статистичкиот спорт во кој лично он се гледа како хумана антипроекција. Константа е тоа од која нема бегање! Така и ќе остане за век и веков.
Ни статистики, ни победи, ни порази.
Маратонот во животот на Новак е современа реплика на антиката.
Бескрај во кој ќе паѓаат уште многу хумани рекорди, во кои човекот ја победува природата.
Искушенија!!

