Author: Media Point

Денеска е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, дознава „Фокус“. Тој се сомничи за проневера на 700.000 евра, пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид. Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Обвинителство. Од МВР ни одговорија дека е спроведена акција заедно со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. -Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје го лишија од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба, ни одговорија…

ПОВЕЌЕ ...

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, наменета да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој. Четирите бизнис идеи избрани од страна на стручна комисија, кои од фондацијата САСА ќе добијат грантови за кофинансирање во вкупен износ до 50.000 евра, се: „Vila Kalimana Lake View“ – проект за развој на нов туристички комплекс во близина на езерото Калиманци;…

ПОВЕЌЕ ...

Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка, водителка и уредничка во Македонската радио и телевизија почина денеска, соопшти нејзиното семејство. Алтипармакова го поминала целиот работен век во МРТВ како спикерка, новинарка и уредничка, останувајќи едно од препознатливите имиња и лица на оваа медиумска куќа. Погребот ќе се одржи утре (22.04.), во периодот од 11:30 до 12:30 часот, во капелата на Градските гробишта Бутел.

ПОВЕЌЕ ...

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Светиот апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главaтa, со камења по усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, свети Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше на светиот апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани истиот ден кога беше распнат Петар. Свети Агав имаше пророчки дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат неговите две пророштва. Прво, прорече голем…

ПОВЕЌЕ ...

Од полноќ новата цена на бензинот БС-95 ќе биде 80,50 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 82,50 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 94 денари Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови пониски цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цените на бензините и на дизел горивото се намалуваат за еден и пол денар во однос на тие што беа донесени минатата недела. Па така, од полноќ новата цена на бензинот БС-95 ќе биде 80,50 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 82,50 денари за литар, а дизелот ќе се продава…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава имот, ниви и шума, со површина од приближно 20.000 м2. Имотот се наоѓа во маало Деровци во село Саса, Македонска Каменица. Имотот има чист имотен лист. Повеќе информации можете да добиете на контакт телефонот +389 72 643 334.

ПОВЕЌЕ ...

Кривични пријави за вработени во МВР и Шумска полиција за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“ На 17.04.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, „оддавање на службена тајна“ по чл.360 и „пустошење на шуми“ по чл. 226 ст.3 во врска со чл.24 од КЗ. М.А. (вработен во…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава Д.Ј.(63) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на јавно претпријатие во Македонска Каменица, на вработен референт-инкасант во јавното претпријатие, иако му престанал работниот однос поради исполнување на старосна пензија, му овозможил да врши работни задачи и работни активности за дополнително еден месец повеќе од предвидениот законски работен стаж, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист за една дополнителна плата во бруто износ од 52.591 денари. Извор на веста: Дневен Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице- пилана во с.…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен повик за доделување ваучери за купување и вградување на инвертер клима уреди, мерка наменета за заштита на ранливите потрошувачи на енергија во 2026 година. За прв пат, целиот процес на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо носење документи на шалтери и административни чекања, апликантите ќе можат да ја завршат постапката онлајн, што се оценува како чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги. Со програмата се предвидува доделување ваучери за набавка и монтажа на инвертер клима уреди со…

ПОВЕЌЕ ...