Author: Media Point

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови гранчиња во рацете. Значи, ги слекуваа облеките од себе постилајќи ги пред Него и во восхит возвикнуваа вдахновено: Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев! Дури и некои…

ПОВЕЌЕ ...

На 02.04.2024 во 18:35 часот на бул. „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.И.(20) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај на бул. „Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал А.И. и по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со брзина од 129 км на час на место каде дозволената брзина е 50 км на час.

ПОВЕЌЕ ...

Одбележани Лазарова сабота и споменот на свети Василиј Анкирски Верниците денес го одбележуваат празникот Лазарова сабота, како и споменот на Свети Василиј Анкирски, свештеномаченик од IV век кој ја сведочел православната вера и пострадал за неа. Лазаровата сабота го симболизира воскресението на праведниот Лазар и претставува најава за победата на животот над смртта, носејќи порака на надеж и духовна сила. Празникот повикува на зацврстување на верата и подготовка за претстојното Христово Воскресение.

ПОВЕЌЕ ...

Одржана четврта работилница од проектот „Младински ХАБ – Млади исток“ во Делчево Во Младински центар Делчево и ресторан „Палма“ во Делчево се одржа четвртата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација: Младински ХАБ – Млади исток“, на која учествуваа околу 20 млади лица, како и претставници од невладиниот сектор и институции. Проектот има за цел развој на младинско претприемништво и формирање на хаб кој ќе обезбеди знаења, менторство и поддршка за социјални бизниси, наменет за млади од Делчево, Македонска Каменица и Виница. Обуката ја реализираше експертот Зоран Биковски, при што младите се едуцираа за развој на бизнис идеи, менаџирање…

ПОВЕЌЕ ...

Во месец март констатирани се 26.241 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло споредбено со февруари Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа…

ПОВЕЌЕ ...

Традиционален турнир во мал фудбал на Рудник САСА 2026: Промоција на тимскиот дух и заедништвото во Македонска Каменица Македонска Каменица, 01. Април 2026 година – Во организација на Рудник САСА, од 2 април до 4 мај 2026, ќе се одржи годинешниот турнир во мал фудбал „Рудник САСА 2026“, на кој, во едномесечно пријателско натпреварување, ќе учествуваат тимови составени од вработени во рудникот. Турнирот претставува веќе воспоставена спортска традиција во Македонска Каменица која го промовира тимскиот дух, фер-плејот и заедништвото меѓу вработените, како и нивната силна поврзаност со локалната заедница. Како и во изминатите години, натпреварите ќе се одржат во…

ПОВЕЌЕ ...

Семејна расправија во гостиварската населба Дутлок завршила со убиство, откако 33-годишен син е осомничен дека со умисла го лишил од живот својот татко, а потоа се обидел да ги прикрие трагите од злосторството. Од Основното јавно обвинителство Гостивар информираат дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. објави Скопје1.мк Според првичните сознанија, настанот се случил при вршење семејно насилство во домот, кога по претходни меѓусебни недоразбирања избила расправија меѓу таткото и синот. Осомничениот го нападнал таткото, удирајќи го со раце и тврди метални предмети,…

ПОВЕЌЕ ...

Пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола од утре најавуваат зголемување на цената на белиот леб. Граѓани велат дека сецканиот бел леб, веќе во одредени продажни места го купуваат по повисока цена. Пекар од Штип за тв Телма вели дека лебот одамна не добил нова цена, а трошоците за производство се значително зголемени. Проблеми очекуваат сега и со новите глобални случувања и растот на цената на енергенсите. Според него, лебот што е сега со цена од 30 денари ќе поскапи за 3-5 денари. Претходно поскапеа зејтинот и јајцата, а според реакциите на граѓаните растат и цените на зеленчукот на пазарите,…

ПОВЕЌЕ ...

Движењето ЗНАМ поднесе предлог-закон во Собранието Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка на пратениците од мнозинството, поднесе предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот што поседува возачка дозвола од Б- категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 КW, a соодносот на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 KW/кг. – Со овој предлог на закон се предвидува…

ПОВЕЌЕ ...

Ако сакате да добиете прекрасни сребрени јајца за Велигден, чајот од хибискус е одличен избор. Овој природен метод е едноставен, безбеден, а дури и децата можат да учествуваат. Оваа техника бара само неколку состојки: јајца, чај од хибискус и кујнска фолија. Прво, сварете го хибискусот во ладна вода додека не зоврие, потоа додадете ги јајцата и варете додека не ја добиете посакуваната нијанса од сива до виолетова. После тоа, подгответе ја фолијата, исечете ја на соодветни парчиња, премачкајте ја со белка од јајце, а потоа внимателно завиткајте ја околу јајцата. Резултатот? Сребрени јајца кои ќе ја украсат секоја празнична маса.…

ПОВЕЌЕ ...