Author: Media Point
Ако сакате да добиете прекрасни сребрени јајца за Велигден, чајот од хибискус е одличен избор. Овој природен метод е едноставен, безбеден, а дури и децата можат да учествуваат. Оваа техника бара само неколку состојки: јајца, чај од хибискус и кујнска фолија. Прво, сварете го хибискусот во ладна вода додека не зоврие, потоа додадете ги јајцата и варете додека не ја добиете посакуваната нијанса од сива до виолетова. После тоа, подгответе ја фолијата, исечете ја на соодветни парчиња, премачкајте ја со белка од јајце, а потоа внимателно завиткајте ја околу јајцата. Резултатот? Сребрени јајца кои ќе ја украсат секоја празнична маса.…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.П.(34) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.03.2025, полициски службеници извршија претрес во домот и возилото на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, дробилка и други предмети.
Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани организации, институции, здруженија на граѓани и заинтересирани физички лица да земат учество на традиционалната „Велигденска изложба на творби“ која ќе се одржи на 09.04.2026 година, четврток, на платото пред Спомен- домот АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 ч. И оваа година, очекуваме учесниците во манифестацијата да ги водат креациите во аранжирањето на штандовите, а потенцираме дека во рамките на манифестацијата ќе се одржи традиционалната Велигденска изложба на јајца, ликовна изложба на дела од ученици од локалните училишта на тема Велигден, како и други креации поврзани со празникот. Бидејќи, на Велики четврток по традиција останало да…
Расчистено убиството во Виница – кривична за 80 годишен грчки државјанин, лишени од слобода четири лица На 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од с.Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско. По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на…
Уапсен е возач во Скопје откако управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила, по што бил лишен од слобода од полициски службеници. Настанот се случил на 25 март на подрачјето на главниот град. Од МВР информираат дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за безобзирно управување.
83 казни за седум дена напишаа пазарните инспектори Државниот пазарен инспекторат за една недела спровел 303 надзори низ државата и изрекол 83 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 2,57 милиони денари. Податоците покажуваат дека инспекцискиот притисок и натаму е најсилен кај финансиската дисциплина, но и во дејности каде контролите редовно откриваат прекршувања на прописите. Најмногу казни, вкупно 57, се изречени по Законот за финансиска дисциплина. Следуваат 10 налози по Законот за заштита од пушење, осум по Законот за угостителска дејност и шест по Законот за трговија. Останатите закони во овој период не донеле прекршочни платни налози, што покажува…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките…
Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност. Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, па кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под руво на брак. А штом му починаа родителите, жена му отиде во еден манастир, а тој во друг. Неговиот беше во Сигријанските Гори во Кизичката област. Некогаш славниот и богат Теофан во манастирот живееше како последен сиромав. И…
ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ДВЕ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се продаваат две градежни парцели во Индустриската зона во Македонска Каменица, со намена за изградба на капацитети од лесна, незагадувачка индустрија. 1. Градежна парцела број 1.05, со градежна маркица од 1220 м². 2. Градежна парцела број 1.07, со градежна маркица 840 м². Вкупна површина на земјиште од двете парцели изнесува приближно 2500 м². Двете парцели се целосно независни една од друга и истите се продаваат и одделно. Цена: По договор Контакт телефони за повеќе информации: +41782411322 и +41782608680 (whats app)
На 21.03.2026 во 08:45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека било насилно влезено во продажен објект во Кочани, сопственост на П.С.(47) од с.Оризари, кочанско, при што одземени се пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Извор: МВР
