Author: Media Point

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2 По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае сѐ до 22 април – Денот на планетата Земја. Во текот на овој период, за секое одложено пластично шише или лименка во некоја од трите повратни вендинг машини поставени во рудникот САСА и…

ПОВЕЌЕ ...

Корисниците ширум светот, вклучително и во Македонија, вечерва се соочуваат со сериозни прекини во работата на најпопуларните социјални мрежи и интернет сервиси. Податоците од платформата Downdetector покажуваат нагол скок на пријави за дефекти кај Facebook, но проблемот не застанува тука. Освен социјалната мрежа на Мета, технички потешкотии се забележани и кај: Видео платформи: YouTube пријавува прекини во стримингот. Вештачка интелигенција: Claude AI е исто така соочен со потешкотии. Комуникации и алатки: Microsoft Outlook и Basecamp бележат нефункционалност. Телекомуникациски гиганти: Проблеми се пријавени и кај операторите како AT&T, Verizon и T-Mobile. Што се случува? Најчестите поплаки од корисниците се однесуваат на…

ПОВЕЌЕ ...

Во Виница започнаа градежните работи за пробивање и тампонирање на делови од улиците „Пере Тошев“ и „Вера Ацева“, откако претходно беше извршена експропријација на дел од трасата. За реализација на проектот се обезбедени 1,5 милиони денари од буџетот на Општина Виница. Работите се дел од инфраструктурните активности насочени кон подобрување на патната мрежа и условите за сообраќај во градот.

ПОВЕЌЕ ...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат А-3 Кочани – Виница, во близина на ресторанот „Шагал“. Според наши информации, несреќата се случила околу 13:44 часот, при судир меѓу патнички возила „Мазда“ и „Фолксваген Поло“. Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани. На местото на несреќата интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица, која работела на извлекување на починатото лице од возилото. Полицијата е на терен и се врши увид.

ПОВЕЌЕ ...

ФОТО| Повеќе од 1.000 планинари на маршот во чест на „Ивона Антова и 63 ангели“ Пониква, 15 март 2026 година / netpress.com.mk Повеќе од 1.000 планинари од Македонија и странство земаа учество на првиот Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ во спомен и чест на младата планинарка и 63 млади лица кои трагично ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Планинарите го искачија врвот Панаѓур (1.669 м.н.в) на Осоговските Планини, почнувајки од местото „Аеродром“ на Пониква каде е планирано да се гради меморијален паметник „Ангели“ во чест на жртви од кочанската трагедија од 16 март…

ПОВЕЌЕ ...

Во најава Конзуларен ден за македонските граѓани во Пиемонте – можност за вадење документи без патување до Венеција Македонско здружение ЗАЕДНО-ИНСИЕМЕ во соработка со Генерален конзулат на Република Северна Македонија во Местре најави можност за организирање Конзуларен ден за македонските граѓани во регионот Пиемонте. Настанот се планира да се одржи во јуни или јули и ќе им овозможи на нашите иселеници полесно да ги завршат конзуларните услуги, како издавање патен лист и други документи, без потреба да патуваат до Венеција. Предвидено е Конзуларниот ден да се одржи за време на викенд. Од здружението ги повикуваат заинтересираните граѓани да го пријават…

ПОВЕЌЕ ...

Одржана четвртата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација“ Во Виница се одржа четвртата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација: Младински ХАБ – Млади исток“, во организација на Здружение ИНИ. На настанот учествуваа околу 20 млади лица, како и претставници на невладини организации и институции. Проектот има за цел формирање младински хаб што ќе обезбеди знаења, менторство и поддршка за развој на социјални претпријатија раководени од млади од Македонска Каменица, Виница и Делчево. На работилницата, експертот Зоран Биковски одржа обука за управување со социјални претпријатија, развој на бизнис идеи, правни и финансиски аспекти, изработка на бизнис план…

ПОВЕЌЕ ...

ЛД „М. Каменица – Саса“ гради висока чека и планира нови активности во ловиштето Членовите на Ловно друштво М.Каменица – Саса ги искористија поволните временски услови за изградба на ловно-технички објект – висока чека, согласно планската ловно-одгледувачка основа и годишната програма за работа. Од друштвото информираат дека во наредниот период се планирани и други активности, меѓу кои подигање едногодишни и повеќегодишни ремизи и изградба на нови ловно-технички и ловно-стопански објекти. Од ловното друштво упатуваат лагодарност беше упатена до ловечката група „Драмчање“ за логистичката поддршка.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево на својата веб-страница, delcеvo.gov.mk , објави е-анкетен прашалник со кој се  мери задоволството на граѓаните од квалитетот на услугите што ги нуди Општина Делчево. Целта на анкетата е да се подобри квалитетот на услугите што ги нуди Општина Делчево. Анектата е анонимна, а резултатите ќе се користат исклучиво во насока за подобрување на општинските услуги. ЛИНК ОД АНКЕТАТА

ПОВЕЌЕ ...

Изградена улицата „Драмечка“ во делчевската населба Басарица Во Делчево е реализиран уште еден инфраструктурен проект – изградбата на улицата „Драмечка“ во населбата Басарица. Улицата и еден нејзин крак, со вкупна должина од 155 метри, добија нов асфалт, со што жителите конечно добија уредена сообраќајница и подобар пристап до своите домови. Пред асфалтирањето беше поставена и подземна атмосферска канализација, со што проектот е реализиран согласно инфраструктурните стандарди. За реализацијата на проектот се обезбедени 2.862.015 денари од Министерство за транспорт на Република Македонија, а изведувач на градежните работи е компанијата ОСД Кирил. Од општината најавуваат дека инфраструктурните активности во населбата Басарица ќе…

ПОВЕЌЕ ...