Author: Media Point
Остри реакции од институциите и новинарските здруженија откако претседателот на СДСМ Венко Филипче влезе во директен судир со медиуми, обвинувајќи ги за политичка и финансиска поврзаност со центри во Унгарија и со ВМРО-ДПМНЕ. Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изрази загриженост, оценувајќи дека ваквите јавни квалификации не се во согласност со демократските принципи и слободата на изразување. Од регулаторот порачаа дека е недозволиво носители на јавни функции да користат дискредитирачка реторика која ја продлабочува поларизацијата и ја нарушува довербата во медиумите. АВМУ потенцира дека доколку постојат сомнежи за незаконитости, тие треба да се процесираат преку институциите, а не…
Унгарскиот политичар и лидер на опозицијата, Петар Маѓар, упати порака до поранешниот македонски премиер Никола Груевски, најавувајќи радикална промена во политиката на азил доколку дојде на власт. Маѓар во својот последен јавен настап беше дециден дека Унгарија под негово водство ќе престане да ги штити странските политичари со криминално досие. „Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, кој исто така е осуденик“, изјави Петер Маѓар во разговар со новинарите еден ден откако убедливо го победи Виктор Орбан, на изборите во Унгарија, во видео…
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти, објави 4news.mk Покрај Него…
Полициски службеници од ОВР Делчево, во координација со Регионалниот центар за гранични работи Исток, вчера вечерта привеле 48-годишен жител на Делчево, кај кого биле пронајдени дрога и огревно дрво без соодветна документација, пренесе МИА. Како што информира Министерство за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле откриени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, марихуана, кафеава материја, 34 таблети, како и ловечки патрони. Дополнително, во дворот и на мотокултиватор со приколка било пронајдено нежигосано огревно дрво. Возилото и дрвата се одземени од Шумската полиција за понатамошна постапка. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на…
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 00 часот и 22 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.1. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Македонска Каменица, Пехчево, Делчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, лабораторијата повика оние кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот достапен на нивната веб-страница или да се јават на 112.
Велики петок претставува најтажниот и најдлабок ден во православната вера, ден кога се одбележува страдањето и распнувањето на Исус Христос. Овој ден не носи радост, туку тишина, молитва и длабока духовна размисла. Верниците низ Македонија со почит и смиреност го одбележуваат овој ден, присуствувајќи на богослужби и поклонувајќи се пред плаштеницата, симболот на Христовиот гроб. Црквите се исполнети со луѓе кои во тишина се молат, додека камбаните молчат како знак на жалост. Во домовите, традицијата продолжува со боење на првите велигденски јајца, најчесто во црвена боја, која симболизира жртва, страдање и надеж. Овој обичај се пренесува низ генерации и има…
Одржана шестата работилница од проектот „Младински ХАБ – Млади исток“ во Делчево Делчево, 07. Април 2026 година – Денеска, во Делчево се одржа шестата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација“, во чии рамки учествуваа околу 20 млади лица, како и претставници на невладиниот сектор и институции. Работилницата се реализираше во Младинскиот центар и ресторан „Палма“, а ја водеше експертот Зоран Биковски, кој одржа обука за социјално претприемништво, развој на бизнис идеи, финансиско управување и пристап до фондови. Проектот има за цел формирање младински хаб кој ќе обезбеди знаења, менторство и поддршка за развој на социјални претпријатија, а е наменет…
Според црковните објаснувања, Благовештение е почеток на сите Господови празници и означува „добра вест“ или „блага вест“. Кои верувања и традиции се поврзани со овој христијански празник? Благовештение, или кај народот познат како „Благовец“, е христијански празник од пролетниот циклус што секогаш се слави на 7-ми април. Денес именден слават оние што го носат името Благоја, Блаже, Благица… Според црковните објаснувања, Благовештение е почеток на сите Господови празници и означува „добра вест“, „блага вест“, известување за најголемата и најрадосната вест во историјата на човештвото за спасението на човечкиот род, коешто се изврши преку Восплотувањето на Синот Божји во утробата на…
МВР информира дека рано утринава во 02:35 часот во Полициската станица Кочани полициски службеници лишија од слобода 15-годишен малолетник по претходна пријава дека на вчера во Кочани извршил полово дејствие врз друг малолетник. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална работа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Вработените од Министерството на терен – одблиску до рударството во „Саса“ Вработени од различни сектори во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на 04 април 2026 година реализираа посета на Рудник „Саса“, со цел одблиску да се запознаат со надлежностите што ги покрива Министерството во делот на рударството. Иако дел од присутните не се директно вклучени во секторот рударство, посетата им овозможи практично разбирање на процесите, предизвиците и стандардите што се применуваат во оваа стратешка индустрија. Преку директен увид на терен, вработените имаа можност да ја поврзат институционалната работа со реалните операции во рударски услови. Во рамки на посетата…
