Author: Media Point

Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува. Локализиран големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран. Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив. -Благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Пехчево“, ТППЕ Берово, вработени во ПШС „Равна Река“ Пехчево, Шумска полиција – Пехчево, вработени во…

ПОВЕЌЕ ...

Поради високиот ризик за појава на пожари, Општина Кочани, Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво – Кочани упатуваат повик до сите граѓани за внимателно, совесно и одговорно однесување при употреба на запаливи средства. Во пресрет на продолжениот викенд, како и на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, кога се очекува зголемена фреквенција на луѓе низ планински населени места во Кочанско, надлежните потсетуваат дека е на сила забраната за движење во шума и забраната за палење оган на отворен простор. Секое движење во шума е со дозвола издадена од шумските стопанства – секое недозволено движење е казниво. Службите за…

ПОВЕЌЕ ...

Кризниот штаб во општина Пехчево упати соопштение до јавноста во кое ги известуваат граѓаните, дека во моментов, во пунктот за донации во Домот на култура – Пехчево има доволни количини на вода и храна. Упатуваат молба да не се носат нови количини, бидејќи како што велат, непотребно се создаваат резерви подложни на расипливост. За повторно донирање, јавноста ќе биде известена на навреме!

ПОВЕЌЕ ...

Кои се 10-те најопасни земји во Европа по смртни случаи во сообраќајки!? Патниот сообраќај во Европа секоја година одзема повеќе од 20.000 животи. Додека некои земји имаат мал број сообраќајни несреќи, други се многу ризични за патување. Каде е најголемата опасност? Повеќе од 20.000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во Европа во 2023 година. Тоа значи дека на милион жители се забележани 47 смртни случаи во сообраќајот. Сепак, додека некои земји како Германија и Шведска имаат ниски стапки на сообраќајни незгоди, ризикот од сообраќајни несреќи со смртни последици е многу поголем во другите земји. Земји со ниска стапка на несреќи…

ПОВЕЌЕ ...

Новак Ѓоковиќ без проблеми победи уште еден меч на олимпискиот турнир. Тој во осминафиналето го совлада Доминик Кепфер и со тоа закажа нова пресметка со Стефанос Циципас од Грција. Србинот и Гркот на истото место го играа епското финале во 2021 година, кога Ѓоковиќ од негатива од два сета, дојде до пресврт и голема титула. „Овде игравме во финалето на Ролан Гарос во 2021 година. Стефанос трипати го освои Монте Карло. Тој е многу квалитетен противник. Победив против него, но загубив и некои мечеви од него, тој има продорен сервис и форхенд. Ќе биде сè потешко, знам што ме чека, но ќе бидам подготвен“,…

ПОВЕЌЕ ...

Инсталиран фотоволтаичен систем од 37 kw во каменичката деветолетка за заштеда на 50% од електричната енергија – Со големо задоволство ве информирам дека денеска го посетив основното училиште “Св. Кирил и Методиј” каде успешно е инсталиран нов фотоволтаичен систем со моќност од 37kw. Овој проект овозможува заштеда од 50% електрична енергија од потребите на училиштето, што претставува значаен чекор кон одржлива иднина и заштита на животната средина, – истакнува градоначалникот Атанасовски Горди сме на оваа инвестиција со која покрај намалувањето на трошоците, ги едуцираме нашите ученици за важноста на обновливите извори на енергија. Како локална самоуправа вложуваме во градењето на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – Се вршат последните подготовки за одбележување на големиот христијански празник Свети Илија – Илинден на Магилката во Македонска Каменица. По тој повод на 2. Август во петок, со почеток од 17:30 часот, ќе биде поделен славски ручек за здравје. Магилката е во непосредна близина на вливот на Каменичка река во Калиманско езеро, од источната страна. Овде во изминатите сто и повеќе години се чинеле црковно народни собири со делење на славски ручек за здравје, како чин при одбележување на најголемите христијански празници во текот на целата година. Браќа и сестри христијани, нека е за многу години големиот…

ПОВЕЌЕ ...

Алармантно во Пехчево: Се бара помош од секој граѓанин кој може да се упати и помогне во справувањето со пожарот Во Општина Пехчево, кај селото Негрево се разгорува силен пожар, гори борова шума, а запалени шишарки летаат наоколу и предизвикуваат нови и нови жаришта. Сепак, според директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и градот Пехчево и селото Негрево се безбедни. Локалното население, заедно со пожарникарите од Пехчево, Берово и Делчево, со помош на  општинската механизација успеаја да создадат противпожарни појаси против можното навлегување на пожарот во градот и селото. Од ЦУК најавуваат дека утре наутро тука ќе се делува од воздухопловите.…

ПОВЕЌЕ ...

Огнената стихија продолжува да беснее низ Македонија. Откако пред неколку денови целосно беше ставен најголемиот пожар на планината Серта, од вчерашниот ден повторно ситуацијата излегува од контрола. Повеќе од 40 пожари се активни низ државата. Пожар во светиниколско Засега, најкритичен е пожарот во светиниколското село Немањица. Првиот човек на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објави видео каде „очајните сопственици“ не сакаат да ги напуштат своите домови заради превенција од пожарот кој е активен во овој регион. Од ЦУК соопштија дека пожарите се гаснат со армиски хеликоптер „ми-17“, како и со три „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот. Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде…

ПОВЕЌЕ ...