Author: Media Point

Авто-мото сојузот на Македонија ги известува граѓаните дека од 07:40 ч. сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин поради случена сообраќајна незгода. Се уште нема дополнителни информации поврзани со овој настан.

ПОВЕЌЕ ...

Македонија денеска го празнува 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста Македонија.

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса денеска го одигра најавениот контролен натпревар со Осогово во Кочани каде нашата екипа беше подобра со 1:2. Стрелци на головите за екипата од Македонска Каменица беа Бурим Алиев и Тони Мичковски. Двата гола за екипата на Саса беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Претходно, домаќините го отворија резултатот уште во првото полувреме од мечот преку голот на капитенот на домашната екипа, Тоше Манов. Следниот контролен натпревар екипата на ФК Каменица Саса го игра со најтрофејниот македонски клуб Вардар. Натпреварот е од хуманитарен карактер. Истиот се игра во недела на градскиот стадион во Македонска Каменица, со почеток…

ПОВЕЌЕ ...

Јавното птетпријатие Камена Река во Македонска Каменица воведува повисоки стандарди за хигиена и заштита на здравјето на граѓаните, со редовното дезинфицирање и перење на контејнерите за отпад. Акцијата е дел од сеопфатен план за подобрување на чистотата во градот и за заштита на здравјето на граѓаните од општина Македонска Каменица. Со современа опрема и еколошки прифатливи средства, тимовите на претпријатието секојдневно се ангажираат за темелно чистење на контејнерите. Овој процес вклучува дезинфекција и отстранување на непријатните мириси, што придонесува за поздрава и почиста околина. – Целта ни е да обезбедиме повисоки стандарди на хигиена и да ја зголемиме свеста кај…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица Саса ја најави Елена Петровска како репрезентативка која успешно настапува на повеќе позиции од средниот ред Со нејзиното богато фудбалско искуство, борбеност и желба за победа таа е одлично засилување за нашиот тим, – велат од ЖФК Каменица САСА Елена Петровска има настапувано за Истатов, Скопје 2014 и Љуботен. – Со ангажманот на Петровска добиваме стабилен среден ред и сигурност дека сме поблиску до целите на нашиот клуб кои ќе ги постигнеме заедно, – додаваат од ЖФК Каменица САСА на крајот од соопштението за јавност, објавено денеска од официјалниот клубски налог на социјалните мрежи

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – По повод големиот христијански празник Св. пророк Илија – Илинден во истоимениот храм во Македонска Каменица (стара градска црква), со почеток 08:00 часот ќе биде отслужена Света литургија. – По завршувањето на Светата литургија во дворот на црквата Св. пророк Илија, ќе следи панихида и прекршување на славски колач, со ручек за присутните верници во 11:00 часот, – пишуваат од Свештенството По молитвите на Св. пророк Илија нека им е вечен споменот на сите коишто се бореа за нашата национална и духовна слобода! Бог да ги благослови и да ги сочува до крајот на вековите, нашата татковина…

ПОВЕЌЕ ...

На 31.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за село Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (21) од Велес, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани

ПОВЕЌЕ ...

Апокалиптични снимки од дрон ни пристигнуваат од Пехчево и Свети Николе каде пожарот ги опустоши селата. Како што може да се види од видеото, многу куќи се зафатени од пожарот, но за среќа нема жртви. Поради алармантната состојба во околината на Пехчево, од синоќа е отворен пункт за донирање вода и храна за пожарникарите кои учествуваат во гаснењето на пожарот. Пунктот се наоѓа во Домот на културата во Пехчево, а апелот на надлежните е сите кои што се во можност можат да донираат, се со цел да им се пружи поддршка на учесниците во неговото гаснење.

ПОВЕЌЕ ...

Сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=9 Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер…

ПОВЕЌЕ ...

Ајдин Османовиќ, момчето од Босна и Херцеговина кое со својот моќен глас го освои Балканот, како и симпатиите на македонските граѓани, пеејќи македонски песни, го честита претстојниот национален празник Илинден, со нумерата „Заветна“. Медиумската информативна агенција (МИА) на 21 мај лани пред доаѓањето на младиот Ајдин во Крива Паланка направи интервју со неговиот професор Брашњиќ кој тогаш изјави дека македонските традиционални народни песни имаат посебна, суптилна, голема фраза која остава доволно простор за вокална интерпретација. – Бидете горди на богатството на македонската традиција која има непроценливо културно и цивилизациско значење не само за Македонија, туку и за целото човештво, истакна…

ПОВЕЌЕ ...