Author: Media Point

Македонска Каменица, 11. Август 2024 година – Денеска, во присуство на бројни наши иселеници и граѓани од Македонска Каменица и поширокиот регион, на туристичко манастирскиот комплекс “Еленец” во село Цера, се одржа IX иселеничка средба Ден на дијаспора 2024. Настанот свечено беше отворен со обраќање на градоначалникот на општината Димчо Атанасовски и Дарко Атанасовски, претставник на Македонското иселеничко друштво “Заедно – Insieme” кое успешно работи во Пиемонте, Италија. Пред присутната публика на туристичко манастирскиот комплекс Еленец во село Цера, како дел од културно уметничката програма настапија помладите фолклорни групи при Културно уметничкото друштво “Вера Јоциќ” од Македонска Каменица. Придружувани од…

ПОВЕЌЕ ...

Македонците се на второто место во Европа по насобран гнев или лутина покажува овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“ На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. По нив следуваат Албанците и Црногорците (24 насто), а потоа и Шпанците (23 насто). Од нашето опкружување, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 отсто од граѓаните од овие три земји изјавиле дека чувствуваат гнев во…

ПОВЕЌЕ ...

Родум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а татко му Евсторгиј. Како момче ја изучи лекарската наука. Свештеникот Ермолај го повика кај себе, го научи на верата во Христа и го крсти. Пантелејмон чудотворно излечи еден слеп когошто другите лекари залудно го лечеле: го излечи со името на Христос и го крсти. Од завист лекарите го обвинија дека е христијанин, па Пантелејмон излезе на суд пред царот Максимијан. „Со телото застана пред земниот цар, а со умот стоеше пред Царот небесен“. Тој слободно изјави дека е христијанин и пред очите на царот излечи…

ПОВЕЌЕ ...

На 8 август, православните христијани го одбележуваат денот на Преподобната маченичка Параскева, позната во народот и како Летна света Петка. Почитта кон оваа светица е широко распространета меѓу македонскиот народ, кој ја смета за заштитница од различни несреќи и болести, па затоа често и ја нарекуваат мајка Параскева. Денеска, на овој ден, својот именден го празнуваат сите со имиња како Петко, Петкана, Параскева, Пенка и други. Ова е првиот од трите празници посветени на света Петка, и денес се чествува Преподобната маченица Параскева Римјанка. Во житието за неа се вели дека нејзините родители биле Римјани, а дека таа се родила…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА го објави името на најновото засилување на тимот. Станува збор за Васка Василева, една од најталентираните млади фудбалерки во Македонија. – Василева е репрезентативка на Македонија во У19 категорија. Претходно, во У17 репрезентацијата беше капитен и лидер во овој национален состав, каде бележи одлични резултати, – изјави Зоран Златковски, тренер и стратег на вицешампионскиот тим од Македонска Каменица, кој додава дека, со доаѓањето на Василева во нивниот тим, таа прави одличен чекор во градењето на подобра и поуспешна кариера. Доаѓа од екипата на ЖФК Тиверија од Струмица. Со брзата и технички добра игра, Василева ќе биде силно…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 07. Август 2024 година – Градоначалникот на Општина Македонска Каменица објави вест дека е финализирана тендерската постапка за изградба на помошни објекти за потребите на жителите во Аџиско маало и кај манастирот Св. Архангел Михаил во село Саса, како и кај старата градска црква Св. пророк Илија во Македонска Каменица. – Наскоро во овие делови од Општината, ќе имаме целосно новоизградени повеќенаменски објекти кои граѓаните ќе ги користат според нивните потреби. Продолжуваме со подобрување на инфраструктурата, како во урбаниот дел на градот, така и во руралните средини од нашата Општина – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски Претходно, вакви објекти…

ПОВЕЌЕ ...

Во тек е формирање на групи за нов циклус гешталт работилници во Македонска Каменица и Штип за стимулација и развој на емоционална интелигенција кај деца. Пријавувањето за работилниците ќе трае до 10. Септември. Работилниците се наменети за деца на возраст од 6 години до 12 години и ќе бидат водени од тимот на Контакт3 – Заокружување Штип. Пријавувањето на заинтересирани деца од Македонска Каменица се врши преку телефонско јавување кај Билјана И. Стојановска психолог, гешталт советник (078/218-706) и Ивана А. Мулачка психолог, социолог, гешталт советник (078/662-854). Кои се придобивките на децата и адолесцентите? – Појасна слика за себе -…

ПОВЕЌЕ ...

Појава на изумрена риба во долниот дел од Калиманско Езеро Македонска Каменица, 07. Август 2024 година – Според информациите добиени од ЗРСК “Шаран” во езерото Калиманци, забележана е појава на изумрена риба. Појавата е забележана вчера, во долниот дел од езерото на приближно 300 метри од браната Калиманци, кај место викано Гашова нива. – Од наша страна, појавата е пријавена во МВР и Обвинителството. Чекаме да биде извршен увид од инспектор за животна средина. Како концесионери не сакаме да шпекулираме за причините за настанатата појава, се додека не стигнат официјални резултати, – истакна Горан Стоименовски, претседател на ЗРСК…

ПОВЕЌЕ ...

Во Полициската станица Виница денеска во 02:37 часот било пријавено дека на локалниот пат село Јакимово – село Истибања, виничко, патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(18) од с.Истибања, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Р.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

ПОВЕЌЕ ...

Михаела Павловска од Македонска Каменица е дел од националниот тим кој ќе ја претставува Македонија на престижната Меѓународна олимпијада по геонауки во Пекинг, Кина. Овој значаен успех на Михаела е резултат на нејзината посветеност, труд и љубов кон науката, надополнет со нејзините одлични резултати постигнати на регионалните и националните натпревари. Михаела Павловска на Меѓународната олимпијада во Кина, заминува како ученичка при гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, каде е еден од најдобрите ученици. Нејзината страст за геонауката и нејзиниот континуиран успех во ова поле, се надеваме дека ќе бидат препознаени и на меѓународно ниво. Нејзиното учество на Меѓународната…

ПОВЕЌЕ ...