Author: Media Point

Михаела Павловска и македонскиот олимписки тим се враќаат со грст медали од Светската олимпијада по геонауки во Пекинг Нов успех постигна македонскиот олимписки тим на 17-та Светска олимпијада по геонауки IESO2024 што се одржа во Кина. -Освоени се две бронзени медали во категоријата на индивидуален тест на знаења и тоа помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти. Големи честитки за медалистите Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево. Исто така задоволство за освоените сребрен медал (Михаела Павловска од Македонска Каменица) и бронзен медал (Атанас Ташковски од Крушево) во категоријата за интернационална тимска презентација, информира…

ПОВЕЌЕ ...

Еко-акција „Рециклирај и добивај“ на Рудник САСА Во пресрет на Денот на рударите, на 26 август 2024 (понеделник), со почеток од 9:00 часот, ќе се одржи еко-акција „Рециклирај и добивај“ во организација на Рудник САСА. Настанот ќе се одржи пред Канцеларијата на Рудник САСА во Македонска Каменица (лоцирана спроти детска градинка „Бамби“), каде  ќе биде поставен штанд на кој сите заинтересирани ќе можат да донесат празни пластични шишиња и/или лименки и за возврат да добијат пригодни награди и тоа: • 5 празни шишиња/ лименки = сладолед; • 10 празни шишиња/ лименки  = тетратка или дрвени боички; • 20 празни шишиња/…

ПОВЕЌЕ ...

Пожарникарите од Македонска Каменица и соседно Кочани сѐ уште интервенираат на големиот пожар меѓу селата Пресека и Цера, кој е локализиран, но сѐ уште е активен. Територијалните противпожарни единици на Кочани и Македонска Каменица, Национални шуми, припадници на доброволното противпожарно друштво „Кочани“ и членови на ловното друштво “Каменица Саса” од Македонска Каменица, веќе четврти ден се борат со огнот на Осоговските Планини. Во гасењето на пожарот се вклучија осумдесетина жители од Пресека и Цера, како и доброволци од Македонска Каменица. Денеска, на увид на состојбата беа и градоначалниците Димчо Атанасовски и Љупчо Папазов. Според пожарникарите од ТППЕ…

ПОВЕЌЕ ...

Репрезентативка на соседна Бугарија која веќе настапуваше во тимот на ЖФК Каменица САСА и беше дел од екипата која го освои купот на Македонија. Во дресот на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица, таа настапуваше и во Лига шампиони против Јувентус и Бешикташ! – Со ангажманот на искусната и брзонога Шопска, добиваме одличен играч од кој очекуваме многу голови и асистенции од крилните позиции. Антонина Шопска доаѓа од ЖФК Спортика, Бугарија, – изјави Зоран Златковски од ЖФК Каменица САСА

ПОВЕЌЕ ...

Изнесувањето на Чесниот Крст Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените. Во обете војни во војските беа носени крстови од кои заблескаа небесни лачи. Затоа беше востановено на 1 август да се изнесува Крстот од Света Софија, најпрво на средината на црквата, а потоа и на улиците, заради поклонение на народот и заради споменот на чудотворната помош на крстот во претходните војни. Ова не беше некој обичен крст туку вистинскиот Чесен Крст,…

ПОВЕЌЕ ...

Резултатите од истражувањето објавени во стручниот магазин „Микропластикс“ (Microplastics) покажаа дека пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок како резултат на влегувањето на микропластиката во крвотокот. Истражувањето што го спроведоа научниците од Австрија, открива дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците престанале да консумираат течност од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма во период од две недели. Крвниот притисок на учесниците за време на истражувањето постојано им бил мерен. По две недели, забележанo е значителенo намалување на диастолниот (долниот) крвен притисок. – Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот во комбинација со намалувањето на потрошувачката на пластиката, претпоставуваме дека пластичните честички присутни…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава парцела од 2959 m² во Ѓачко маало, село Тодоровци. Парцелата има чист имотен чист и пристап до асфалтен пат. До парцелата има обезбедено вода и трофазна струја. Објектот, како што се гледа и на фотографиите, е во градба. Има површина од 64 м² и помошен објект од 35м². Цена по договор. Повеќе информации на контакт телефоните: 072227363; 071941979

ПОВЕЌЕ ...

КИЦ “Романса” најави дел од музичките имиња кои ќе бидат дел од Каменичко културно лето 2024 – Како и секоја година така и оваа година Каменичко културно лето 2024, ќе се одржи од 26 до 28 август, на градскиот плоштад во Македонска Каменица, каде е предвидена богата културно-уметничка и забавна програма. Истата е во организација на КИЦ Романса и Општина Македонска Каменица, – велат од КИЦ Романса Македонска Каменица Наскоро, како што додаваат од Културно информативниот центар, ќе започне претставувањето на сите изведувачи кои ќе настапат на Каменичко културно лето 2024 година!

ПОВЕЌЕ ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.8.2024 година, регистрира земјотрес, чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 4.48 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2.4. Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ПОВЕЌЕ ...

Линк до видеото од изгореното возило на пехчевските доброволци: https://www.facebook.com/share/v/HPETwir8kC14UQSq/?mibextid=p7WL9T Околу Пехчево повторни гори. Пламени јазици високи и до педесет метри се шират мошне брзо во планинскиот предел Буковик, на само три килемотри од градот. Изгорено е возило на пехчевските доброволци, неколку лица се на кислородна подршка, информираат граѓани вклучени во гаснењето. Огнот е забележан во попладневните часови, по што пехчевци бргу се организирале. Стотина лица во моментов се вклучени во гаснењето. Пристигнал и еден хеликоптер кој се вклучил воборба со огнената стихија. Лицата што ги контактиравме велат дека овој пожар е многу посилен од претходниот. Повикуваат на смиреност и самоиницијативно…

ПОВЕЌЕ ...