Author: Media Point

Се продава плац од 700m2 на улица Даме Груев во Суво Маало, Македонска Каменица. Плацот е со чист имотен лист и можност за поврзување кон водоводен и канализационен систем, како и кон системот за напојување со електрична енергија. Цена по договор. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број +389 78 588 606

ПОВЕЌЕ ...

Прва самостојна изложба на нашата Анастасија Стоименовска – млад ликовен уметник од Македонска Каменица В среда, со почеток од 12 часот во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе се одржи првата самостојна изложба на ликовни дела од Анастасија Стоименовска – млада и перспективна ликовна уметничка од Македонска Каменица. – Со големо задоволство ве поканувам на мојата прва изложба. Ќе ми биде мило ако вие и вашите пријатели ме почестите со вашето присуство. Ќе имате можност да ги видите моите последни дела, инспирирани од човековите емоции, – вели младата Анастасија С. Од помагателите во организирањето на оваа ликовна изложба, Културно…

ПОВЕЌЕ ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 август. Денеска е Преображение Господово. Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично искажана во зборовите што апостол Петар ги кажува во некакво изумување, а кои сведочат за значењето на непосредниот однос на човекот со Бога. Тие зборови се: Господи, добро ни е овде. Во…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, недела 18. Август, 8-ма по Педесетница, на претпразненство од ,,Свето Преображение’’, св. мч. Евсигниј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, чиноначалствуваше на Светата Божествена Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. На Литургија му сослужуваа повеќе свештенослужители. По читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа, а при тоа не испушти, да нагласи дека верниот народ постојано треба активно да земе учество во Светата Литургија. За време на Литургијата верниот народ ги прими Светите Божествените Дарови.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА со победата од 2:0 против екипата на ЖФК Скопје се пласираше во финалето од престижниот национален турнир, кој денеска и утре, се игра во Куманово. За ЖФК Каменица САСА стрелаа Елена Петровска и Ана Димитровска. Натпреварот, од ЖФК Каменица САСА беше означен како натпревар со одлична, со многу интересни ситуации и фудбалски надигрувања. Во другиот полуфинален натпревар поуспешна беше екипата на ЖФК Речица, која славеше над ЖФК Истатов со 2:1 На девојките од нашата екипа ЖФК Каменица САСА им посакуваме успех во утрешното финале против ЖФК Речица.

ПОВЕЌЕ ...

Фк Каменица Саса во рамки на 1. Коло од ВМФЛ одигра драматичен натпревар на гостински терен против ФК Кожуф со нерешен резултат од 2:2. По добрата игра во првото полувреме, САСА одлично го отвори вториот дел од натпреварот. Покажувајќи целосна доминација на теренот, со двата гола на Тони Мичковски, нашата екипа успеа брзо да оствари предност од 0:2. Во последните дваесетина минути од натпреварот, домашната екипа успеа да се врати во игра и да го израмни резултатот. И покрај притисокот и промената на ритамот на играта, САСА се бореше до последниот свиреж на судијата задржувајќи го нерешениот резултат. ФК Кожуф…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса објави Соопштение за јавност кое Ви го пренесуваме во целост: Почитувани навивачи и поддржувачи, Ве известуваме дека ФК Каменица Саса воведува дневни и годишни билети за следење на сите натпревари на нашиот тим за претстојната 2024/25 сезона. Оваа иницијатива не само што ќе Ви овозможи да бидете дел од секој момент на нашата фудбалска приказна, туку и директно ќе придонесете за подобрување на условите за нашите фудбалери и развојот на клубот. Средствата собрани од продажбата на дневните и годишните билети ќе бидат насочени кон унапредување на инфраструктурата, опремата и поддршка на програмите за развој на клубот. Секој…

ПОВЕЌЕ ...

Свеченото примопредавање на должноста началник на генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август. (Фото: Армија на Република Северна Македонија) Претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова го унапреди бригадниот генерал Сашко Лафчиски во генерал-мајор и го постави за началник на генералштабот на армијата, соопштија од нејзиниот кабинет. Оттаму додаваат дека поради истек на мандат е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој е поставен за советник на началникот на генералштабот за борбена готовност и операции. Од претседателскиот кабинет велат дека свеченото примопредавање на должноста началник на генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.

ПОВЕЌЕ ...

УХМР соопшти дека во околината на Пехчево времето е нестабилно со пороен дожд и грмежи. Невремето се преместува кон Берово. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПОВЕЌЕ ...

На автопатот кај Прешево, сообраќајната полиција од Врање сопрела македонски државјанин на возраст од 57 години кој управувал возило со 2,7 промили алкохол во крвта, соопшти српската полиција. Возачот е приведен, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење. Тој бил запрен при редовна сообраќајна контрола.

ПОВЕЌЕ ...