Author: Media Point

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее да ја рекламираат индустријата за игри на среќа, а оние што го прават тоа ќе ја загубат државната помош, вели во интервју за Рес Публика. Прашање: Повеќепати од доаѓањето на функцијата зборувате за воведување…

ПОВЕЌЕ ...

Венко Крстевски – независен член на Советот во општина Кочани наместо протест најави организирање на забава во кругот на градската депонија Независниот член на Советот на општина Кочани, Венко Крстевски наместо протест најави организирање на забава во кругот на градската депонија која подолг период гори и го загадува градот. Ова како идеја доаѓа поради фактот што протестите организирани пред неколку месеци, според Крстевски, не даваат конкретни чекори за решавање на проблемот. Локалната самоуправа, пред неколку денови, најави почеток на активностите за покривање на депонијата и конечно решавање на овој горлив проблем во Кочани. – Дечки, бидејќи многуте протести не резултираа…

ПОВЕЌЕ ...

Независниот член на Советот на општина Кочани, Венко Крстевски наместо протест најави организирање на забава во кругот на градската депонија која подолг период гори и го загадува градот. Ова како идеја доаѓа поради фактот што протестите организирани пред неколку месеци, според Крстевски, не придонеле за решавање на проблемот. Локалната самоуправа, пред неколку денови, најави почеток на активностите за покривање на депонијата и конечно решавање на овој горлив проблем во Кочани. – Дечки, бидејќи многуте протести не резултираа со решавање на проблемот со аерозагадувањето од градската депонија, на денешната седница на Совет на Општина Кочани најавив дека на 7ми Септември (Денот…

ПОВЕЌЕ ...

Културно уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица продолжува да ја негува и пренесува традицијата благодарение на поддршката од општествено одговорните компании кои се посветени на зачувување на македонскиот фолклор и култура. Компанијата “Го Пласт Караман”, како дел од својата општествено одговорна мисија, донираше рачно изработени “пафти” кои ќе бидат користени при сценските настапи. Оваа донација значително придонесува за автентичниот изглед на народните носии и допринесува кон зачувување на македонската традиција. Исто така, Палмас ДМТ во повеќе наврати е вклучена во поддршката за „Вера Јоциќ“. Овојпат со донирање на брендирани маички за сите сегашни и идни играорци и фолклористи, помога…

ПОВЕЌЕ ...

Учениците во каменичката деветолетка ќе ја започнат учебната година во реконструирани и дезинфицирани простории Летниот период од годината во ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица го искористија за активности кои опфаќаат целосна реконструкција на училиштето. Иако целосната обнова и изглед на училиштето, е започната и трае преку целата учебна година, летниот распуст го искористивме за обелување на сите простории во училиштето, со антибактериска боја, – вели директорот Виктор Георгиевски, кој додава дека “После 20 години, училиштето е комплетно обелено и се направени големи реконструкции и промени. Учениците ќе ја започнат учебната година во чисти и дезинфицирани простории. Продолжуваме…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на општина Македонска Каменица упати честитка до граѓаните за денешниот троен празник на градот “Успение на Пресвета Богородица” – заштитничка на нашите рудари и нашата општина. Честитката ви ја пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани, Дозволете ми, Во мое име и во име на општина Македонска Каменица, со голема радост да ви го честитам Денот на рударите и Денот на нашата општина, христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица. Овој ден е од големо значење за сите нас, како потсетник на посветеноста и трудољубивоста на рударите – неуморните градители на иднината во нашата општина. Денеска, кога го чествуваме големиот христијански…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на празнувањата на Денот на рударите, Рудник САСА го одбележа и официјалното пуштање во употреба на новиот апарат за дигитална радиографија во Здравствената станица во Македонска Каменица. Донираната опрема, вредна над 80.000 евра, е најсовремен медицински апарат кој претставува значаен напредок во медицинската технологија и овозможува прецизна рендгенска слика и дијагностика за подобрување на здравствените услуги во локалната заедница.

ПОВЕЌЕ ...

Рудникот САСА и оваа година со низа активности и донации за заедницата го одбележува 28. Август – Денот на македонските рудари, како и двојниот празник на Македонска Каменица. Традиционално, секоја година, САСА ги наградува сите свои над 770 вработени со парични награди и пригодни подароци. Оваа година посебно признание му беше доделено на Александар Стоимиров кој е прогласен за најдобар рудар за 2024 година. Тој и уште 121 негови колеги, кои дале особен придонес за остварување на безбедно и стабилно производство во САСА, добија и дополнителни парични награди и признанија.

ПОВЕЌЕ ...

Донации за заедницата и награди за вработените за Денот на рударите од Рудник САСА Рудникот САСА и оваа година со низа активности и донации го одбележува 28. Август – Денот на македонските рудари, како и двојниот празник на Македонска Каменица. Традиционално, секоја година, САСА ги наградува сите свои над 770 вработени со парични награди и пригодни подароци. Оваа година посебно признание му беше доделено на Александар Стоимиров кој е прогласен за најдобар рудар за 2024 година. Тој и уште 121 негови колеги, кои дале особен придонес за остварување на безбедно и стабилно производство во САСА, добија и дополнителни парични…

ПОВЕЌЕ ...

Убава вест за шахистите: ШК Каменица Саса организира симултан натпревар на 25 табли со интернационалниот мајстор Димче Илиевски Натпреварот ќе се одигра на 28. Август со почеток од 11:00 часот во клубските простории на ШК Каменица Саса во Куќа на спортот, Македонска Каменица. Симултанката со интернационалниот шаховски мајстор Димче Илиевски ќе се одигра на 25 табли. Поканети се сите љубители на шаховската игра од Македонска Каменица и регионот. Настанот е огранизиран по повод тројниот празник Ден на општина, Ден на рударите и христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на градот и рударите.

ПОВЕЌЕ ...