Author: Media Point

Како што информираат од УХМР, времето денеска се очекува да биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималните утрински температури ќе се движат од 11 во Берово до 20 во Гевгелија, а максималните дневни од 26 во Маврово и 36 Целзиусови степени во Скопје и Гевгелија.

ПОВЕЌЕ ...

За силна економија, образованието е клучно – треба да создаде кадри со знаења Ако сакаме поголем економски раст, потребни ни се иновации кои генерираат поголема додадена вредност, а и претприемнички дух за да можат иновациите да се комерцијализираат. А тие треба да бидат од областа на технологијата, потребни се технолошки иновации, а за да се случат,  потребно е големо знаење од областа на природните науки, математика, физика, хемија, информатика. Од друга страна, пак, потребни се извонредни кадри и во медицината и во општествените науки. За да е животот на сите граѓани во општеството поквалитетен и посодржаен, потребни се и доктори,…

ПОВЕЌЕ ...

Брзиот напредок на новите технологии како што се вештачката интелигенција и податоците се предвидува дека ќе донесе сеизмички промени на пазарот на трудот Пазарот на труд се менува побрзо од кога било и многу работни места кои постојат денес наскоро ќе исчезнат. Една неодамнешна студија на Светскиот економски форум укажува на две главни причини за претстојните промени: нови технологии и автоматизација и транзиција кон зелен бизнис и одржливост. Брзиот напредок во новите технологии како што се големите и сложени збирки на податоци каде што традиционалните апликации за обработка на податоци не се применливи, облак компјутерите и вештачката интелигенција се предвидува…

ПОВЕЌЕ ...

Храната која предизвикува воспаление често е богата со рафинирани шеќери, нездрави масти и преработени состојки и може негативно да влијае на здравјето на цревата. Кога се консумира редовно, оваа храна може да предизвика воспаление во дигестивниот тракт, што доведува до непријатност, надуеност и нерамнотежа во микробиомот на цревата. Со текот на времето, ова воспаление може да придонесе за посериозни дигестивни проблеми. Замрзнати пилешки крилца Иако се исклучително вкусни, адитивите, конзервансите и недостатокот на влакна во замрзнатите пилешки крилца може негативно да влијаат на микробиомот на цревата. Здравиот микробиом на цревата е од суштинско значење за правилно варење, апсорпција на хранливи…

ПОВЕЌЕ ...

Е-трговијата зема сѐ поголем замав како на домашниот, така и на странскиот пазар. Македонските потрошувачи во 2023 година потрошиле вкупно 649,3 милиони евра на виртуелните места за продажба во државата и во странство, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Оваа бројка е за 18 насто повисока во однос на 2022 година. Како расте трговијата преку интернет, така расте и бројот на пренесени пратки. Овој тренд во Македонија создаде нова моќна индустрија за достава на пратки. Анализата што ја направи порталот Пари во соработка со БизнисМрежа покажува дека иако Македонска пошта прави најголем промет, таа постојано трупа загуби. Државната компанија со 1.850 вработени направила…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05. Септември 2024 година – Со доизградба на главниот колектор за фекалната канализација општина Македонска Каменица продолжува со работните активности за унапредување на квалитетот на живот во урбаната средина од Македонска Каменица.   – Со овој проект првенствено овозможуваме подобрување на хигиената со поефикасно собирање и одводнување на отпадните води. Подигање на квалитетот на живот во чиста животна средина, со подобрени хигиенски услови за сите жители на нашата општина, особено на спортистите и рекреативците кои во непосредна близина секојдневно го користат новоизградениот повеќенаменски спортски комплекс. Исто така, спречуваме пропуштање на фекалните води и значително го намалуваме загадувањето на…

ПОВЕЌЕ ...

Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица започнува со упис на нови членови за 2024/2025 година. Дозволете новата учебна година да стане ваша инспирација за нови предизвици и успеси во промоцијата на македонскиот фолклор. Станете дел од нашето големо семејство, каде што ќе имате можност да учествувате во зачувувањето на македонската традиција и култура. Покрај тоа, ќе запознаете нови пријатели, ќе развивате спортски дух, и ќе создадете незаборавни спомени преку настапи и турнеи низ Македонија и странство. Пријавите се одржуваат секој вторник и четврток од 16:00 до 21 :00 часот во просториите на КУД„Вера Јоциќ“ во Дом на Култура Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност, а од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

ПОВЕЌЕ ...

Овој „Volkswagen Golf Mk2“ под каросеријата крие турбо VR6 и погон на сите четири тркала. Освен големите тркала, овој „Golf II“ можеби не изгледа супериорно. Но, под површината крие моќен погон на сите четири тркала достоен на суперспортски автомобил. Овој „Golf“ го придвижува 2.9 литарски „VR6“ од „Volskwagen“. Моторот е многу модифициран за да може да го издржи засилувањето од „BorgWarner EFR 9180“ турбополначот. Како што наведува „Engine Swap Depot“, погонски систем произведува 898 коњски сили и 1.000 Nm вртежен момент. Сиот тој потисок доаѓа на тркалата преку петстепенски секвенцијален менувач и модерен „4Motion VW“ систем со погон на сите…

ПОВЕЌЕ ...

На 01.09.2024 околу 12.50 часот на магистралниот пат Граничен премин Делчево – Бугарија, над с.Ѕвегор, делчевско, полициски службеници пронашле две лица мигранти од Сирија и Мароко. Со нив бил извршен службен разговор, по што биле пренесени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

ПОВЕЌЕ ...