Author: Media Point

Македонска Каменица, 13. Септември 2024 година – Градоначалникот Димчо Атанасовски во објава на социјалните мрежи ја најави изградбата на нов пешачки мост на Каменичка Река во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Како што Атанасовски вели во објавата, ова е долгоочекуван проект кој претставува значителен чекор во подобрувањето на инфраструктурата, мобилноста и квалитетот на живот на сите граѓани и посетители на Македонска Каменица. – Новиот пешачки мост на Каменичка Река ќе овозможи безбедна и лесна поврзаност на двете страни од градскиот кеј на Каменичка Река, олеснет пристап на граѓаните до новоизградениот спортски комплекс и на жителите од Долно маало до…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 12. Септември 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски ги објави аплицираните проекти до Министерството за локална самоуправа за финансиска поддршка од Владата. – Како локална самоуправа, аплициравме со проекти за изградба на улица Питу Гули и целосна реконструкција на дел од главен пат до Ситновско маало во Стара Каменица, – истакнува Атанасовски во објавата на социјалните мрежи, додавајќи дека оваа поддршка, за нашата локална самоуправа ќе овозможи реализација на проекти со кои ќе задоволиме елементарни потреби на граѓаните. – Нашето работење го насочуваме кон подобрување на локалната инфраструктура со спроведување на проекти кои имаат…

ПОВЕЌЕ ...

Детската театарска претстава ,,Разгалениот принц” во Домот на Култура – Македонска Каменица Македонска Каменица, 12. Септември 2024 година – В среда, на 18. Септември 2024 година, со почеток од 13 часот, во Домот на Култура – Македонска Каменица ќе биде изведена детската комедија „Разгалениот принц“. Режисер на претставата, која изобилува со многу едукативни и педагошки елементи значајни за развојот на децата е Сашо Ристовски. Влезниците, по цена од 100 денари, можат да се набават во Домот на култура. Настанот е во организација на Културно информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица. Линк до објавата: https://www.facebook.com/share/p/YJfAEbKvPCQJg7iA/

ПОВЕЌЕ ...

Ѓ.Б. вчера во 07:43 часот пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. -При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети, информира МВР. Ѓ.Б.…

ПОВЕЌЕ ...

Maкедонската фудбалска репрезентација не успеа да слави победа и одигра само 1:1 на гостувањето кај Фарски Острови. Од самиот почетокот не тргнавме добро и домаќините поведоа со голот од пенал на дефанзивецот Давидсен. Имавме голема прилика преку Чурлинов да израмниме во 19. минута кога го помина и противничкиот голман, но беше изблокиран од противничките дефанзивци. На пауза домашната селекција замина со предност. До израмнување стигнавме на стартот од вториот дел кога сега ние добивме пенал, а во гол го претвори Барди. До крјот бевме подобра селекција на теренот, создавоме неколку одлични прилики, а најголемата ја пропушти Ќамили. За три дена…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06 Септември 2024 година – Денеска во Дом на култура во Македонска Каменица беше реализирана редовна крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвен Крст – Делчево. На септемвриската крводарителска акција беа собрани 26 крвни единици. Од Општинската организација на Црвениот Крст – Делчево упатуваат благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот.

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река упатува Известување до станарите во колективните живеалишта во Македонска Каменица, дека започнува редовното чистење на оџаците во станбените објекти. Известувањето од ЈП Камена Река ви го пренесуваме во целост: ЈП Камена река М.Каменица Ве известува дека ќе започне со чистење на оџаците по колективните станбени згради почнувајќи од 16.09.2024 година (понеделник). Доколку станарите на некоја од зградите не сакаат да се изврши чистење на оџаците, претставник од зградата треба да го извести јавното претпријатие најдоцна до 13.09.2024 година . Истовремено ги замолуваме станарите, за време на чистењето на оџаците да не ги палат печките за греење. Корисниците…

ПОВЕЌЕ ...

Од вкупно предвидените 250 милиони евра за капитални проекти, со сега распишаниот повик на располагање на општините до крајот на годинава се ставаат шест милијарди денари, односно речиси 100 милиони евра Најавуваниот проект со кој Владата ќе им додели 250 милиони евра на општините во државата за спроведување на инфраструктурни и капитални проекти денеска и официјално го презентираа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински. Златко Перински, министер за локална самоуправа / Фото: Влада Општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје може да аплицираат на отворениот јавен повик за доделување на средствата врз основа на претходно…

ПОВЕЌЕ ...

Летото 2024 година втора година по ред соборува глобални топлински рекорди, поради што најверојатно ќе биде најжешкото досега, објави денеска Европската служба за климатски промени „Коперник“ (C3S). „Коперник“ почнал да ги снима временските услови во 1940 година, а тие датотеки ги користеле научниците за да потврдат дека летото на северната хемисфера – од јуни до август, било најтопло од прединдустрискиот период во 1850 година. „Во текот на изминатите три месеци, светот се соочи со најтоплите јуни и август, најтоплиот ден во историјата и најжешкото бореално лето“, рече заменик директорот на C3S, Саманта Бургес. Таа истакна дека екстремните временски услови ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Често слушаме за важноста од додавање на масна риба, брокула и вистинско маслиново масло во вашата исхрана, но има и намирници за кои повеќето луѓе не знаат дека се исто така здрави. Ендокринологот Кетрин Јанг откри која храна може да го подобри здравјето, но за која ретко се зборува. Според лекарите, на листата се наоѓа и црницата која содржи антиоксиданс ресвератрол кој може да го забави стареењето. Јаткастите плодови, особено макадамијата, се извор на здрави масти кои играат важна улога во формирањето на клеточните мембрани. Циметот помага во регулирање на нивото на гликоза во крвта и ја намалува желбата за…

ПОВЕЌЕ ...