Author: Media Point

Денеска започнуваат фудбалските возбудувањата во Детската фудбалска лига (Исток) Во прилог го споделуваме распоредот објавен од ФФМ  за натпреварите во 1 коло за сабота и недела,  21 и 22. Септември 2024 година. Најмладите фудбалери на ФК Каменица Саса патуваат во Кочани, каде со своите врсници од ФК Осогово ќе се сретнат во Првото коло на ДФЛ Исток. Со среќа на сите екипи. Многу забава, дружење и фудбал! Осогово – Кам.Саса Сабота 11:00часот Генерација 2012/13 Генерација 2014/15 Брегалница – Атлетико2021 Сабота 10:30часот Генерација 2012/13 Генерација 2014/15 Фудбал Старс – Слога1934 Сабота 10:00часот Генерација 2012/13 Генерација 2014/15 Генерација 2016/17 Кочани – Рудар…

ПОВЕЌЕ ...

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на Православната Црква, празнуван на 21 септември (8 семптември ст.ст.) Пресвета Дева Богородица е родена од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви, за самата да биде родителка на Месијата. Православните христијани не веруваат во Римокатоличкото учење дека Марија е девствено зачната, а со тоа и зачувана прародителскиот грев. Црковното предание не учи дека Марија, како и сите други луѓе, го наследила прародителскиот грев, бивајќи зачната по природен, човечки пат, и токму затоа и било потребно спасението, како и на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Со средства обезбедени од Светска банка преку Проектот за изградба на локална патна инфраструктура, општина Македонска Каменица ги започна градежните работи за реконструкција на една од најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица, улица Осоговска. – Предвидено е реконструкцијата да опфати 747 метри должина од улицата. Во моментов се изведуваат активности за отстранување на горниот слој од асфалтот, по што следуваат останатите фази од проектот и асфалтирање на улицата, – вели градоаначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски во соопштението за јавност објавено на социјалните мрежи Свесни сме, се вели во продолжението на текстот…

ПОВЕЌЕ ...

Еко-акција „Рециклирај и добивај“ на рудникот САСА   Македонска Каменица, 20 септември 2024 – Над 16 000 пластични шишиња и лименки беа собрани во еко-акцијата „Рециклирај и добивај“, која во пресрет на Денот на рударите ја организираше Службата за заштита на животна средина на Рудник САСА. Средствата добиени од рециклирање на собраните пластични шишиња и лименки, дополнети со средства од рудникот САСА и неговите вработени, се донирани на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, со што оваа еко-акција доби ѝ добротворен карактер. Локалното население, особено најмладите членови на заедницата, со ентузијазам учествуваа во еко-акцијата „Рециклирај и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, вчера во ресторан „Иднина“ свечено беше одбележан Денот на пензионерите. Присутни на настанот, покрај гостите од здруженијата на пензионери од Пробиштип, Пехчево, Делчево и Штип, беа многубројни членови на здружението и пензионери од Македонска Каменица, кои со многу забава и дружење подготвена од одличните Модерато Бенд во позитивна атмосфера го прославија нивниот празник. По тој повод, претседателката на здружението, Јаворка Соколовска со честитка до пенизонерите за нивниот празник, истакна: Ние, пензионерите, сме важен дел од општеството и сакаме да покажеме дека и по завршувањето…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави Јавнен повик за финансиска поддршка за ученици во Прво одделение во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и за финансиска подршка за ученици во Прва година при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица. – Денеска го објавив Јавниот повик за финансиска поддршка на нашите првачиња – учениците кои на 01. Септември 2024 година, за прв пат го пречекорија прагот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Исто така, денеска е објавен и Јавниот повик за финансиска поддршка за учениците кои своето…

ПОВЕЌЕ ...

СЕ БАРА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ СТАН ИЛИ ДЕЛ ОД КУЌА ПОД КИРИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Доколку имате стан или дел од куќа за изнајмување под кирија во Македонска Каменица можете да ги побарате заинтересираните лица на следниов контакт телефонски број 070 660 158. Станот или делот од куќа што се издаваат можат да бидат наместени и без мебел. (Маркетинг/MediaPoint)

ПОВЕЌЕ ...

78 годишен жител од Чешиново–Облешево починал на 16-ти на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на Западно- нилска треска. Тој е четврт случај годинава и случајот во ИЈЗ е пријавен на 12-ти месецов. Првичните симптоми кај пациентот започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во КБ Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни…

ПОВЕЌЕ ...

Увозници од Македонија отворале фирми во Србија, го препакувале увозниот оризот и го продавале како кочански Македонски фирми што увезуваат ориз од Индија, Пакистан и од земјите од Далечниот Исток, го препакувале, го декларирале како кочански и го продавале во маркетите. Освен кај нас, отвориле фирми и во Србија и, во соработка со наши и со српски трговци, го продавале како кочански. Земјоделските експерти апелираат до Државниот земјоделски инспекторат итно да реагира и да го спречи овој криминал за да не се наруши довербата кај купувачите во квалитетот на кочанскиот ориз Македонски фирми што увезуваат ориз од Индија, Пакистан и…

ПОВЕЌЕ ...

Кристијан Чурлинов е ново име во редовите на каменичкиот второлигаш ФК Каменица Саса – Со своето искуство и квалитет, стекнати со настапите за екипите на Скопје и Тетекс, 23 годишниот Кристијан Чурлинов од Скопје ќе ја зајакне одбраната и ќе донесе брзина во нападот. Кристијан е фудбалер од младинските школи на Вардар и Работнички, – велат од клубот, од каде истакнуваат убедување дека Чурлинов ќе биде од голема корист на десната бековска и крилна позиција во тимот и ќе придонесе за постигнување на целите на ФК Каменица Саса. 💚🖤 Добродојде Кристијан во големото семејство на ФК Каменица Саса 🖤💚

ПОВЕЌЕ ...