Author: Media Point

Со „Експлозивниот ајвар“, како што е името што му го дале на роботот, петмина средношколци од Македонија и нивните двајца ментори ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ што од денеска до недела се одржува во Атина и заедно со нивни врсници од над 190 земји ќе се обидат да најдат одржливи решенија преку инженерството и роботиката за глобалните проблемите меѓу кои и справување со кризата со храна, јави дописничката на МИА од Атина. Учениците Димитриј Митковски, Елени Трпковска, Давид Маневски, од средното училиште „Георги Димитров“, ученикот Тимотеј Николовски од „Михајло Пупин“ и Марко Јанкуловски од средното…

ПОВЕЌЕ ...

СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ 2024 Кошаркарките на Баскет кам 2011 утре попладне ќе ја стартувата новата натпреваруваќкаа сезна во која пред себе ќе имаат сериозен предизвик. Ввелгуваат во одбрана на тројната круна до која стигнаа во ланската сезона. А првиот трофеј за „бранење“ е оној во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во кој за противник ја имаат екипата на МЗТ Скопје Аеродром која ја победија во финалниот меч од Купот на Македонија. Жаклина Стојановска, шеф отна стручниот штаб на екипата од Македонска Каменица вели дека овој натпревар е одлична можност да се провери подготвеноста на тимот пред почетокот на претстојната сезона:…

ПОВЕЌЕ ...

Како што стои во Дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, на 25. Септември 2024 година, во ОВР Виница Т.А.Д.(50) од Виница, пријавила дека на 24.09.2024 на работното место во средно училиште во Виница била физички нападната од колегата М.С. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27. Септември 2024 година – Врз основа на Правилникот за начинот на остварување на право на еднократна парична помош на лица со попреченост кои живеат на територијата на Општина Македонска Каменица бр.08-1901/1 од 27.09.2023 година и врз основа на Правилникот за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители бр.09-1847/1 од 24.09.2024 година, градоначалникот на Општина Македонска Каменица ги објави следниве Јавни повици: Јавен повик за финансиска поддршка на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители Јавен повик за финансиска помош на лица со попреченост и семејства…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27. Септември 2024 година – Културно информативниот центр „Романса“ објави соопштение за јавност во кое ги известува сите заинтересирани ученици и млади, дека од 01. Октомври 2024 година, повторно започнуваат со работа Ликовната и Драмската секција во Домот на култура во Македонска Каменица. Пријавувањето се врши секој работен ден во просториите на Домот на култура, од 09 до 15 часот, најдоцна до 01. Октомври 2024 година. Пријавувањето за ликовната секција може да се врши и кај Климентина Соколовска, дипломиран ликовен уметник од областа на класичното сликарство, на телефонскиот број 077 563 684. Формирањето на ликовна секција има за…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се празнува Крстовден – Воздвижението на Чесниот Крст На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа…

ПОВЕЌЕ ...

Проекција и дискусија за филмот „Морето во мене“ На 24 септември 2024 година, со благослов на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во кино салата при националната установа „Никола Јонков Вапцаров“, во Делчево, беше прожектиран шпанскиот филм „Морето во мене“ (Mar adentro), на режисерот Алехандро Аменабар8. По завршувањето на филмот, кон присутните се обрати Неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид. Тој преку кинематографијата зборуваше за појавата на монофизитизмот, иконоборството, идолатријата, за филмската уметност во насока на културата на воплотувањето, и поконкретно за разните теми кои ги третира филмот, помеѓу кои истакнато место, бездруго, зазема евтаназијата. Во продолжение следуваа прашања…

ПОВЕЌЕ ...

“BK CARS” е рент а кар компанија која ви нуди најдобри услови за изнајмување на возила. Со голем избор на модерни и економични автомобили, флексибилни ценовни пакети и врвна услуга, “BK CARS” рент а кар ви гарантира удобно и сигурно патување. Без разлика дали ви треба автомобил за деловни патувања, семејни одмори или секојдневни потреби, “BK CARS” рент а кар е тука за вас. Изберете “BK CARS” рент а кар и доживејте незаборавно возачко искуство. Во секое време, на секое место – ваш пријател за патување. “BK CARS” рент а кар – Македонска Каменица +389 75 855 855

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26. Септември 2024 година – Со инсталирање на фотоволтаични централи за производство на електрична енергија на Домот на култура, Куќата на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, општина Македонска Каменица прави значителен чекор кон изградба на енергетски ефикасна, позелена и еколошки чиста општина. За проектот, градоначалникот Димчо Атанасовски вели дека се реализира во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион, од каде за имплементација на истиот се издвоени средства во висина од 2 193 505,оо денари со вклучен ДДВ. – Инсталирањето на фотонапонските централи е во напредна фаза и очекуваме…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26. Септември 2024 година –  Со одлична тимска игра, домашната екипа ФК Каменица Саса го совладаа велешки Борец со резултат од 2:0. Стрелец на головите за Саса беше одличниот Андреј Симевски, кој искористи две прецизно упатени асистенции од брзиот и неприкосновен на теренот, Тони Мичковски. Овој успех носи нови три бодови за нашата ФК Каменица Саса и го одржува позитивниот дух во екипата, – оценуваат од каменичкиот второлигаш дополнувајќи дека „успехот е резултат на напорите и посветеноста на целиот тим, на стручниот штаб и на верните навивачи кои дадоа силна поддршка од трибините“. „Ви благодариме на сите и Ве…

ПОВЕЌЕ ...