Author: Media Point

Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50…

ПОВЕЌЕ ...

Сите знаеме како холестеролот може да му наштети на нашето тело, но малкумина од нас се свесни за тоа како телото може брзо да се регенерира. Доволно е да се земе предвид начинот на живот, а особено исхраната. Тајната е во две работи: вежбање и промена на исхраната. Постојат дури пет намирници кои успешно ги чистат крвните садови: Алги Тие се полни со минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданси. Ова е сè што му треба на нашето тело за да ја одржи добрата функција на целото тело. Алгите помагаат во намалување на крвниот притисок и чистење на крвните садови.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02. Октомври 2024 година – Друштвото за производство трговија и услуги ВОД – ВАР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, со најниската понудена цена од 4.603.176,90 денари е избран за најповолен понудувач за изградба на фекална канализација за дел од с. Моштица и за дел од Македонска Каменица – Крак 3, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски за реализацијата на оваа важна инфраструктурна инвестиција во Македонска Каменица Со оваа одлука, како што додава Атанасовски, општината остварува заштеда на финансиски средства од 583.264,00 денари. Средства кои ќе бидат насочени кон други важни проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Изградбата на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02. Октомври 2024 година – Во ООУ “Свети Кирил и Методиј” во Македонска Каменица вчера започна проектот “Шах во училиште“. Истиот е одобрен од Бирото за развој на образованието и во државата се спроведува од страна на Шаховската федерација на Македонија и Министерството за образование. Со гордост Ве известуваме дека проектот “Шах во училиште” пристигна и во ООУ “Свети Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, – велат од шаховскиот клуб „Каменица Саса“ од Македонска Каменица, при што додаваат дека „на воведниот настан, од страна на секретарот на Шаховската федерација на Македонија, Марјан Митков беше одржана воведна обука на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30. Септември 2024 година – Со цел спречување на појава на пожари во станбени објекти, Јавното претпријатие ,,Камена Река” започна со редовно чистење на оџаците на објектите за колективно домување во Македонска Каменица Претходно, ЈП Камена Река упати Известување во кое апелира граѓание да ги следат насоките дадени од претпријатието. Известувањето од ЈП Камена Река ви го пренесуваме во целост: ЈП Камена река М.Каменица Ве известува дека започна со чистење на оџаците по колективните станбени згради. Доколку станарите на некоја од зградите не сакаат да се изврши чистење на оџаците, претставник од зградата треба да го извести…

ПОВЕЌЕ ...

В недела, на 29-ти септември 2024 година, Недела 14 по Педесетница, кога ја празнуваме св. мч. Ефимија, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, началствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица’’, каде после читањето на Евангелието одржа содржајна беседа. Спасителот Г. И. Христос за време на овоземниот живот никогаш не понудил ниту раскош ниту многу задоволства и но, пак имал најмногу следбеници. Ова според човечка логика е своевиден парадокс. Но, од друга страна Он постојано нѝ нуди духовна храна за во вечноста. Ние јадејќи телесна храна повторно ќе огладнеме, а примајќи духовна храна стекнувавме вечност. За тоа да го постигнеме…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска е голем празник: Се празнуваат Св. Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија Денеска се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите…

ПОВЕЌЕ ...

Баскет Кам го одбрани Супер-Куп трофејот 0 Екипата на Баскет Кам е освојувач на Супер-купот, кој го носи името на „Драган Василов – Цевка“, откако го совлада тимот на МЗТ Скопје со убедливи 74-54. Поп-Димитровска беше стрелец на 21 поен и 7 скока, зад неа беше Кметовска со дабл-дабл од 14 поени и 13 скока. На другата страна Сарафилоска имаше 17 поени. По првата четвртина која избраничките на Жаклина Стојановска ја добија со 23-10, на другата страна аеродромки не дозволија овој дуел да биде решен лесно, пружија отпор и вториот период го добија со 15-20 за 38-30 на одморот. По…

ПОВЕЌЕ ...

Ловното друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА” ги известува членовите дека согласно член 38 точка(4,5,7) и член 63 точка (1) од Законот за лов, Ловечката федерација на Македонија започна со издавање на ловечки легитимации. На тој начин се утврдува статусот ловец на домашно физичко лице кое има положено ловечки испит. Согласно со членот 64 од законот за лов Ловното друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА” е должно да постапува според Законот за лов и да ги почитува одлуките на Ловечката федерација на Македонија. – Ги известуваме сите наши членови дека се должни да поседуваат ловечка легитимација од Ловечката федерација на Македонија. Апелираме и ги повикуваме да поднесат барање…

ПОВЕЌЕ ...