Author: Media Point

Во рамки на 9. Коло од Првата македонска женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Каменица САСА е поразена со 0:3 од лидерот на табелата ЖФК Тиверија Брера. Натпреварот се одигра денеска, со почеток од 14:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Се надеваме дека во понатамошниот дел од првенството нашиот женски фудбалски шампион ќе биде поуспешен во натпреварувањата и ќе го врати сјајот на женскиот македонски фудбал во нашиот град Македонска Каменица. Успех девојки!

ПОВЕЌЕ ...

Се продаваат две одделни парцели во приградската населба Павлиш Дол, Македонска Каменица погодни за изградба на викендици или објакти за домување. Парцелите се наоѓаат на само 2 километри оддалеченост од центарот на Македонска Каменица, веднаш до регионалниот пат кон село Саса. До двете одделни парцели има асфалтен пат и можност за приклучување кон системите за снабдување со вода и струја. Вкупна површина на првата парцелата број 260, со чист имотен лист број 4126, е 496 м2. Другата парцела со број 254 и имотен лист бр. 1071, има површина од 693 м². Цена по договор. Повеќе информации за огласот можете да…

ПОВЕЌЕ ...

Баскет кам го доби дуелот што требаше да биде дерби, против Бадел 1862 (73:53) Едно полувреме траеше неизвесноста на дуелот кој требаше да го одбележи првото првенствено коло во новата сезона од Првата лига-жени – натпреварот во салата „Независна Македонија“ каде Бадел 1862 го предизвика шампионот Баскет кам од Македонска Каменица. Сепак, Бадел 1862 со неколкуте нови имиња како Јована Петрушевска и Марија Николов, беше конкурентен само во првото полувреме, кога бранителот на шампионската титула имаше водство до четири поени (33:29). Во продолжението на играта се разигра, во прв ред, Цветанка Димова. Делуваше незапирливо за противничката одбрана. На крајот на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 12. Октомври 2024 година –  Полициското одделение во Македонска Каменица упатува Известување до граѓаните на Македонска Каменица и регионот за спроведување на боево гаѓање на месноста Кантурски рид. Известувањето ви го пренесуваме во целост: На ден, 17. Октомври 2024 година (четврток) и 20. Октомври 2024 година (недела), од 08.00 до 12.00 часот, на временото стрелиште Кантурски рид, полициските службеници од Полициското одделение Македонска Каменица и Полициското одделение за граничен надзор Македонска Каменица ќе реализираат боево гаѓање. Се замолуваат граѓаните од Македонска Каменица во наведениот период не се движат на наведената локација.

ПОВЕЌЕ ...

Баскет кам го задржа шампионскиот „костур“, и има најголеми шанси да ја одбрани титулата Во новата натпреварувачка сезона, осумте најдобри екипи, во голема мерка ќе се потпрат на „домашниот потенцијал“ Време е и за македонска кошарка, онаа во женска конкуренција. Време е за почеток на новата натпреварувачка сезона во сениорската женска Прва лига, која со себе носи некои новитети, секако, во однос на оние претодни сезони. Поврзано со „изгледот“ на осумте екипи од кои е составена Првата „А“ група. Истиот вели дека за разлика од некои минати сезони, во претстојната прволигашите ќе се потпрат на оние „домашни сили“. Односно дека,…

ПОВЕЌЕ ...

(Видео) Кавал, тамбура,кларинет,ут, виолина- Бајса Арифовска ќе ја покаже брилијнтната виртуозност најавуваат од ММС за концертот на 16. Октомври во Македонската филхармонија Уште 4 дена остануваат до големиот концерт на мултиинструметалистката Бајса Арифовска, Балканско виножито, најавен како колаж на посовремен етно и и етно џез призвук во изведба на виртуози од регионов. На Бајса на 16 октомври во 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија ќе и се придружи и светски докажаниот и врвен инструменталист на кавал Недјалко Недјалков. „На ова музичко патување ќе му дадеме посебен простор на инструментот кавал, којшто патем го среќаваме во поблиските балкански страни…

ПОВЕЌЕ ...

Возљубени во Господа На ден 14.10.2024 година (понеделник) Покров на Пресвета Богородица; св.Јован Кукузел; 16 та недела по педесетница Света Божествена Архиерејска Литургија на која ке чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Делчевски каменички г.Марко пречек во 07:30 во манастирот посветен на Покров на Пресвета Богородица во село Цера – Еленец. Од управата на храмот

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10. Октомври 2024 година – По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10. Октомври, во каменичите училишта ООУ “Св. Кирил и Методиј” и СОУ “Миле Јаневски Џингар”, од страна на Контак3 – Центарот за советување, психотерапија, едукација личен раст и развој беше одржана работилница на тема “Како го поддржувам моето ментално здравје?” – Со учениците од двете училишта работевме на развивање на свесноста за начините на кои тие можат да го поддржат своето ментално здравје, – велат од Контакт3 Работилницата ја водеа Билјана Иванова Стојановска психлог, гешталт советувач и Ивана Аралампиевска Мулачка психолог, социолог и гешталт советувач…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08. Октомври 2024 година, Вчера, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица склучи Меморандум за соработка со Контакт3- Заокружување Центар за советување, психотерапија, едукација, личен раст и развој – Штип. Целта за склучување на Меморандумот е воспоставување на соработка на полето промоција, развој и унапредување на менталното здравје кај деца и адолесценти. Претходно, Контакт3 склучи Меморандум за соработка и со основното училиште во Македонска Каменица ООУ “Св. Кирил и Методиј”.

ПОВЕЌЕ ...

Известување за прекин со испорака на електрична енергија Почитувани, Be известуваме дека ПОРАДИ ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА 10кВ ДВ НАСЕЛБА ќе имате прекин во напојувањето со ел енергија на ден 09.10.2024 година од 07:30 до 14:00 часот. Без напојување ќе останат следниве населени места улици и фирми: ул. Александар Македонски (Маршал Тито), 28ми Август (М.М.Брицо), Рударска, Вера Јоциќ, Горна Река ,Индустриска, Пиринска, Ленинова дел од улиците Каменичка, Осоговска, Гоце Делчев, Церска и Првомајска. Локалната Самоуправа Македонска Каменица, Здраствена Установа “Гоце Делчев“, ДСУ “Миле Јаневски Џингар“ ООУ “Св. Кирил и Методиј“, Жито Маркети, Кит-Го Маркети, Полициска Станица Македонска Каменица, Бензинска Станица Макпетрол Македонска Каменица, Комерцијална Банка, Стопанска Банка и…

ПОВЕЌЕ ...