Author: Media Point

​​​​​​​Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска кои успешно настапуваат во шампионот на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица, заедно со Денис Селими и Иле Стамболџиев ќе собираат тренерско искуство во Истанбул Како дел од мултинационалниот проект на ФИБА во кој се вклучени и пет национални федерации, „развој на млади играчи до 13 години и млади тренери“, четири македонски тренери, Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска, Денис Селими и Иле Стамболџиев, на покана на турската кошаркарска федерација во наредните неколку дена ќе поминат една специфична тренерска „мини-обука“. За време на оваа своевидна тренерска обука, нашите млади тренерск имиња ќе имаат прилика…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 17. Октомври 2024 година – Вчера, во Македонска Каменица се одржа основачка општинска конференција на партијата Движење ЗНАМ – за Наша Македонија! На настанот присуствуваа потпретседателот и пратеник во Собранието на Република Македонија, Павле Арсоски и членовите на извршниот одбор, проф. Катерина Тодороска и Марин Алексов. Од Општинската организација на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија ја објавија избраната структура на партијата во Македонска Каменица. За претседател е избран Ѓоко Стаменковски, а за секретар е избран Слободан Велиновски. Избрани се и членови на извршниот и надзорниот одбор на Општинската оргaнизација. Нашиот тим на посветени и стручни луѓе кои…

ПОВЕЌЕ ...

Во насока на подобрување на животна средина и поттикнување на свесноста за селектирање на отпад, пред институциите во Македонска Каменица и на најфреквентните локации во централното градско подрачје, Јавното претпријатие „Камена Река“, постави 20 нови контејнери за селектирање на отпад. – Поставувањето на контејнерите за селектиран отпад, дополнително ќе помогне во процесот на рециклирање на истиот, значително ќе придонесе за зачувување на животната средина и во подобрувањето на квалитетот на живот во заедницата, – вели градоначалникот Димчо Атанасовски во денес објавеното соопштение за јавност на социјалните мрежи Овие контејнери за селектиран отпад се обезбедени преку Проектот за зајакнување на капацитетите…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на храната со редица на настани и активности во образовните и воспитно негователските установи. Во Општинското основно училиште “Св. Кирил и Методиј” успешно беше организиран Базар на храна на кој учествуваа ученици од прво до петто одделение со производи подготвени со своите родители. Базарот на храна го посети и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој со своето присуство, изрази поддршка на оваа убава иницијатива спроведена од учениците и наставниците. – Ваквите настани се од големо значење за развој на заедницата и имаат особена важност во поттикнувањето на младите луѓе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 15. Окотомври 2024 година – Успешно започна грејната сезона во каменичките општински училишта. Со навремени подготовки и обезбедување на доволни количини на енергенси за греење, сите училници и останати простории во училиштата беа затоплени од раните утрински часови за пријатна и комфорна атмосфера за учење и работа. Раководствата на училиштата исто така изразија задоволство со подготвеноста за нова учебна година. „Благодарение на соработката со Општината, работиме на создавање на идеални услови за работа, како учениците и наставниците би се фокусирале на успешно спроведување и реализација на наставата“, – изјави Виктор Георгиевски, директор на Општинското општинско училиште „Св. Кирил…

ПОВЕЌЕ ...

латите во Германија се меѓу највисоките во Европа, но значително варираат во зависност од индустријата, работното искуство и географската локација. Во помалите градови, платите може да бидат малку пониски, додека во финансиските центри како Берлин, Минхен и Франкфурт, платите често го надминуваат националниот просек. Сепак, трошоците за живот се исто така повисоки во големите градови. Германија како една од економски најстабилните земји во Европа нуди исклучително конкурентни плати во речиси сите сектори. Поради високиот животен стандард, но и потребата од квалификувана работна сила, многу луѓе од други земји, вклучително и од Балканот, одлучуваат да ја развиваат својата кариера во Германија.…

ПОВЕЌЕ ...

Направете го овој напиток сами брзо и лесно. Потребни ви се 5 состојки и 5 минути време. Покрај вишокот килограми, ова ќе ве спаси и од дополнителни токсини. Исто така, пијалокот го регулира нивото на шеќер во крвта, го држи нивото на холестерол под контрола и севкупно го подобрува здравјето. Состојки: 1 грст свеж магдонос парче ѓумбир сок од 1 лимон 1 лажичка мелен цимет 1 лажица јаболков оцет 500 мл вода Подготовка: Измијте го магдоносот и исушете го на крпа. Исчистете го ѓумбирот, исцедете го лимонот. Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека не добиете компактна смеса.…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 25 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Овој Кипријан, што се слави денес како светител, претходно беше маѓесник или, со современ јазик кажано, окултист. Се беше преселил од Картагина во Антиохија, во времето кога таму живееше христијанката Јустина. Едно развратно момче од незнабошците се занесе од нејзината убавина и по секоја цена сакаше да ја обљуби. А кога Јустина го одби одлучно, тој побара помош од Кипријан. Кипријан гаташе и баеше, наведувајќи го духот на блудот на Јустина, за во неа да се разгори страста кон момчето, но се беше залудно зашто Јустина ги одбиваше од себе духовите на злобата со крсен знак и молитва. Тогаш Кипријан…

ПОВЕЌЕ ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 октомври. Денеска е Покров на Пресвета Богородица. Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: „Ја гледаш ли, брате,…

ПОВЕЌЕ ...