Author: Media Point

Се издава деловен простор во центарот на Македонска Каменица. Деловниот простор се наоѓа во истиот објект со аптека Зегин. Просторот е погоден за секаков вид на дејност. Има вкупна површина од 130м², според потребите може да биде преуреден на два дела по 65 м². Повеќе информации за огласот можете да добиете на телефонскиот број +38978485118

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 07. Октомври 2024 година – Контакт3 –Заокружување Центар за советување,психотерапија, едукација, личен раст и развој – Штип, денеска склучи Меморандум за соработка со ООУ Св.„Кирил и Методиј “ од Македонска Каменица. Како што истакнуваат од Контакт3, целта за склучување на Меморандумот е воспоставување на соработка на полето промоција, развој и унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите.

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на 7. коло – Првата женска македонска фудбалска лига екипата на ЖФК Каменица САСА со минимални 1:0 го победи ЖФК Скопје 2014 за нови три бодови. – Нова победа и плус три бода во тврд натпревар кадешто нашите девојки покажаа карактер и заслужено на крајот излеговме победници, – велат од клубот по натпреварот, изразувајќи чститки за целиот тим и благодарност до публиката за поддршката!

ПОВЕЌЕ ...

Во денешниот натпревар од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, нашата екипа ФК Каменица Саса гостуваше во Струмица, каде со нерешен резултат од 2:2, одигра одличен и тежок меч против екипата на ФК Беласица. Ова е четврти натпревар по ред во кој нашата екипа останува непобедена, што е огромен успех и потврда за квалитетот и борбеноста на нашите играчи. Стрелци на головите за нашата екипа беа Кристијан Чурлинов и Андреј Симевски. Со оваа серија од добри резултати, се приближуваме до остварување на нашиот цел – пласман во горниот дел од табелата. Вашата поддршка, значи многу. Тоа е наша најголема…

ПОВЕЌЕ ...

Градскиот а капела хор “Ѓерѓеф” ги собра наградите на VII Меѓународен фестивал за камерни хорови „АСТИБО Фест” Со голема гордост објавуваме дека синоќа А капела хорот “Ѓерѓеф” од соседно Делчево оствари извонреден успех на „АСТИБО Фест”, каде што нивните три ансамбли освоија три први места во три различни категории! Градскиот а капела хор „Ѓерѓеф“ од Делчево триумфираше на престижниот натпревар „АСТИБО Фест”, освојувајќи го првото место во својата категорија! Под вештото диригентство на проф. м-р Елена Ѓеоргиевска, хорoт ја воодушеви публиката и жири-комисијата. Аранжманите, создадени со многу посветена работа, труд и бројни часови во студио, создадоа извонредна музичка атмосфера која…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 06. Октомври 2024 година – Во Македонска и Штип Каменица се одржаа првите работилници за стимулација и развој на емоционална интелигенција кај деца на тема Свест за себе. – Емоционалната интелигенција почнува од свеста за себе која опфаќа препознавање и разбирање на сопствените емоции и нивното влијание на мислите и однесувањето. Предуслов за препознавање на своите емоции е препознавање и именување на различни емоции, – истакнуваат од Центарот за советување и креативен развој кај деца и возрасни Контакт3 Повеќето деца, како и многу возрасни, додаваат од Контакт3, имаат во својот речник мал број емоции кои ги познаваат,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05. Октомври 2024 година – Екипата на ФК Каменица Саса, утре во рамки на 7. Коло од ВМФЛ гостува во Струмица каде ќе ги одмери силите со екипата на ФК Беласица – По одличните резултати на нашите момци против Македонија Ѓ.П. во Скопје и против екипите на Борец и Арсими на домашен терен, се полни со самодоверба, мотивација и желба за нова победа, – велат од клубот пред утрешниот натпревар Натпреварот не го оценуваат како лесен, но веруваат во силите на сопствената екипа и во поддршката од трибините! Сите заедно, можеме да ја оствариме целта – нови три…

ПОВЕЌЕ ...

Филмот „Јорговани“, кој достигна огромна популарност на балканските простори, предизвика огромен интерес кај виничката публика. По огромната посетеност на првата проекција во Домот на култура „Тошо Арсов“, веќе е закажана и втора проекција на филмот за 08. Октомви 2024 година, во вторник со почеток од 19:30 часот Влезните билети веќе се во продажба во просториите на Дом на култура – Виница.

ПОВЕЌЕ ...

Хуманитарниот концерт насловен „Во спомен на љубовта за Данче“ ќе се одржи на 6 октомври (недела) во НОБ, а во чест на 10-годишнината од смртта на еден од највлијателните домашни музички менаџери и продуценти Даниел Милошески – Данче, човекот кој остави неизбришлив белег во македонската и балканската музичка индустрија. Во негова чест и со единствена цел да се одбележи наследството што го остави, ќе настапат: Ареа, Агни Авшар, Ана и Стефан Петановски, Бени и Нон стоп, ДНК, Златно славејче, Кристина Арнаудова, Николче Мицевски, Поп арт бенд, Пајак и Лара, Слаткаристика. Комплетниот приход од концертот ќе бие пренасочен во хуманитарни цели, односно ќе биде дониран за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04. Октомври 2024 година – Општина Македонска Каменица изготви техничката документација за изградба на велосипедска патека на сртот од Осоговските планини со типски планински објекти и промотивни електрични планински велосипеди Од општината известуваат дека целосно е завршена постапката за изработка на техничка документација за обележување и трасирање на велосипедската патека по сртот на нашите прекрасни Осоговски планини. Станува збор за проектот “Од подобро искористување на природното и историското наследство до зголемена туристичка атрактивност на прекуграничната област”. – Со рехабилитација, уредување и обележување на планинска велосипедска патека во должина од 26.102 метри, ќе ја подобриме туристичката понуда на Македонска…

ПОВЕЌЕ ...