Author: Media Point

На 02.09.2024 во 16.00 часот во ОВР Виница, 36 – годишна жена од Виница пријавила дека на почетокот на јули 2024, С.Н., сопственичка на куќата во Виница во која престојувала под кирија, ја принудила да подигне брз кредит, по што со закана и ги одзела парите и ја избркала од домот. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

ПОВЕЌЕ ...

По кратко боледување денеска почина Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“. Информацијата за неговата смрт ја соопшти токму бендот. „Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нѐ напушти нашиот пријател и брат, Борислав Бора Ѓорѓевиќ. Почивај во мир наш драг Боки“, стои во соопштението на бендот. 71 годишниот Ѓорѓевиќ почина во Клиничкиот центар во Љубљана каде беше примен поради тешко воспаление на белите дробови.

ПОВЕЌЕ ...

Во вчера одиграниот натпревар помеѓу екипите на штипска Брегалница и ФК Каменица Саса славеше домашната екипа со 2:1. Натпреварот беше дел од третото коло на Втората македонска фудбалска лига. Иако гостите од Македонска Каменица го отворија резултатот и први дојдоа во водство на градскиот стадион во Штип преку голот на Тони Мичковски. Домаќините во два наврати стрелаа прецизно во мрежата на Симон Стојковски за целосен резултатски пресврт. За втор погодок на Брегалница и конечен резултат на натпреварот, беше досуден удар од 11 метри, кој домаќините успешно го релизираа. ФК Каменица Саса до крајот на натпреварот создаде неколку полушанси, кои не…

ПОВЕЌЕ ...

Каменичките училишта ги отворија вратите за учениците – Градоначалникот Атанасовски честитајќи го почетокот на новата учебната година подели униформи и училишен прибор. Пред првиот час за 46 првачиња во ООУ Св. Кирил и Методиј во Македонска Каменица, во кругот на училиштето беше одржана кратка пригодна програма. На настанот се обрати градоначалникот Димчо Атанасовски и директорот на училиштето Виктор Георгиевски. Како што претходно вети градоначалникот Атанасовски, со почетокот на новата учебна година, сите ученици од каменичката деветолетка добија училишни униформи, а првачињата добија и подароци со училишен прибор. Честитката од градоначалникот Димчо Атанасовски ви ја пренесуваме во целост: Почитувани ученици, наставници…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на 2. Коло од Првата женска фудбалска лига екипите на ЖФК Топ Гол и ЖФК Каменица САСА одиграа со резултат од 0:4 во корист на каменичанки. – Добар натпревар со доминантна игра и многу создадени шанси пред голот на домашната екипа. На прав пат сме, но ќе се подобруваме и воигруваме уште повеќе. Честитки за целиот тим, – изјави по натпреварот тренерот на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски Стрелци на головите за нашата екипа беа Димитровска (2), Велковска (1) и Фрагосо (1).

ПОВЕЌЕ ...

Од утре следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на претежно попладневен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат повисоки за околу 2 до 3 степени.

ПОВЕЌЕ ...

За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна која ќе трае до 10 јуни. Како што е најавено, учебнава година ќе започне со навремено испорачани учебници кои уште денеска треба да им бидат поделени на учениците. Оваа учебна година нема да има пролетен распуст, како што имаше минатата година. Одлуката на министерството да го укине пролетниот распуст доаѓа од резултатите што ги добиле од спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците. Мнозинството од анкетираните се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година за сите ученици и од основното и од средното образование ќе трае до 10…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01. Септември 2024 година – ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица го засилува својот состав со младата и талентирана кошаркарка Анастасија Тодорова. Доаѓа од екипата на Про Баскет од Кавадарци. Како универзална играч на позициите 1 и 2, Анастасија има богато искуство во младинските репрезентации на Македонија, каде бележи успеси во категориите М14, М16 и М18. Со својот дриблинг, шут и визија за игра, Анастасија ќе биде од голема важност за повторување на интернационалните и државните успеси на македонскиот шампион и освојувач на Купот на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица. Нејзиното пристигнување во Баскет Кам,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, [01. Септември 2024 година] – Во својата постојана заложба за благосостојба на заедницата, Рудник САСА за време на одбележувањето на Денот на рударите, најави и реализираше неколку донаторски проекти. Во тие рамки САСА направи значајна донација кон детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, каде со нови дидактички материјали и ентериер целосно се реновирани и опремени шест заминални. Директорката на детската градинка „Бамби“, Тодорка Велиновска, изрази огромна благодарност кон општествено одговорната компанија Рудник САСА за оваа донација: „Оваа инвестиција значи многу за нас и за нашите деца. Со новата опрема и реновираните простории, ќе можеме да создадеме…

ПОВЕЌЕ ...

Известување до учениците, студентите и просветните работници В недела, на 01. Септември 2024 година, по светата Литургија во 09:00 часот во храмот Св. Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица ќе биде отслужен молебен канон за благословена и успешна нова учебна година. Повелете на заедничка молитва, – велат во известувањето упатено од свештенството

ПОВЕЌЕ ...