Author: Media Point

Македонска Каменица, 03. Јули 2024 година – 46 ученици се пријавиле во првиот уписен рок во каменичкото средно училиште “Миле Јаневски Џингар” По завршувањето на првиот уписен рок кој се реализираше во два термини, од 20 до 25 јуни и на 1 и 2 јули, каменичкото средно училиште запиша вкупно 46 ученици. Како што истакнува директорката на средното училиште, Данче Гоцевска кај учениците најголем интерес има за запишување на машинска струка, каде максималната бројка 25 ученици е веќе пополнета. Слободни места остануваат во паралелките од гимназиско образование, текстилно-кожарската струка и кај геолошко-рударската струка. Каменичкото средно училиште нуди можност за дуално…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се празнува Преподобен Наум Охридски Чудотворец Бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј. Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во четврток, на 04.07.2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (второ) терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

ПОВЕЌЕ ...

ОСНОВЦИТЕ ГИ ДОБИЈА СВИДЕТЕЛСТВАТА ЗА ЗАВРШЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИ ООУ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Денеска во ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица свечено беа доделени свидетелствата на учениците од прво до осмо одделение. – Времето кое заедно го поминавме таа учебна година ќе остане наша алка за во иднина. Година проткаена со големи дози на смеа, другарување и стекнување нови знаења , го дадоа крајниот резултат на она што го посакувавме , а тоа е пред се почитта која меѓусебно ја гаевте и сложни ученици кој не воздигнаа со успех и гордост на сите полиња во…

ПОВЕЌЕ ...

И утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со локален пороен дожд, а од петок следува период на сончево време со мала до умерена олокална облачност, најавува УХМР. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од идната седмица.

ПОВЕЌЕ ...

Македонија на петто место по одлив на квалификуван кадар 2.500 образовани кадри во просек годишно ја напуштиле земјава, која за нив инвестирала околу 725 милиони евра од 2013 до 2021 година. Што е загуба од 8,34 отсто од домашниот бруто-производ алармира извештајот на државната ревизија. Македонија се најде на петтото место по одлив на кадар од 41 европска земја според Глобалниот индекс за одлив на мозоци. 40 отсто од високообразовниот кадар ја напуштил земјава според Светска банка. Ревизорски извештај со алармантни податоци 150 стипендисти на втор циклус и шест стипендисти на трет циклус на студии во странство се финансирани од…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Атанасовски го предаде во употреба возилото за потреби на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица Македонска Каменица, 02. Јули 2024 година – Денеска, во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица од страна на градоначалникот Димчо Атанасовски беше предадено на користење наменско возило за потребите на лицата со посебни потреби од нашиот град. Градоначланикот Атанасовски, истакна дека набавката на возилото е реализирана како дадено ветување пред граѓаните и како дел од програмата за работа на градоначалникот и на општината. – Реализацијата на овие проекти се со цел подобрување на условите за лекување,…

ПОВЕЌЕ ...

МОЛБА ОД СЕМЕЈСТВОТО СТОЈКОВСКИ ЗА ДОНИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА ТРОШОЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПРЕРАНАТА СМРТ НА НАШАТА СОГРАЃАНКА ЕЛЕНА СТОЈКОВСКА Молбата за донирање на средства за трошоците поврзани со прераната смрт на Елена Стојковска ви го пренесуваме во целост: Јас, Сунчица Стојковска родена на 03.02.1969 година со број на лична карта М0267691 и адреса на живеење ул.Самоилова бр.8/1-2, Македонска Каменица упатувам молба до сите хумани луѓе ширум светот да донираат средства преку фонд за донации на фејсбук направен од Лимонка Васевска, средства кои ми се потребни за да ги подмирам трошоците по смртта на мојата ќерка Елена Стојковска која почина ненадејно…

ПОВЕЌЕ ...

Група на албански планинари викендов го тргнале македонското знаме од врвот на планината Кораб и поставиле албанско знаме. „Кораб е на Албанија и нема место за македонското знаме“, напишал извесен Изет Шулку на својот Фејсбук профил, споделувајќи видео. Засега нема реакции од македонските власти за оваа провокација на групата албански планинари кон македонскиот државен симбол.

ПОВЕЌЕ ...

„Вчера во 19.00 часот во Кочани, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршиле службен разговор со О.Х.(37) од Кочани, поради основано сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Кочани“, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...