Author: Media Point

Денеска, претседателката на организациониот одбор на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Станка Трајкова ја врачи одлуката за учество на нашето Здружение на пензионери од Македонска Каменица на Маѓународниот фестивал “Трето Доба” во Љубљана, Словенија. – На меѓународниот фестувал во Словенија, оваа година ќе учествуваат две здруженија од Македонија. Голема е честа и задоволството, што токму нашето здружение ја доби оваа значајна и одговорна задача. Ние ќе се потрудиме достојно да ја претставиме нашата убава Македонија и секако ќе ја оправдаме добербата, – истакнаа од Здружението на пензионери од Македонска Каменица Од Здружението на пензионери упатуваат огромна…

ПОВЕЌЕ ...

Ќосески и Мичковски го засилуваат средниот ред и нападот на ФК Каменица Саса Дамјан Ќосески и Тони Мичковски се новите засилувања на нашата екипа ФК Каменица Саса. ФК Каменица Саса го засили средниот ред со младиот Дамјан Ќосески од Струга. Тој во нашата екипа доаѓа од Караорман, а има астапувано за екипите на Охрид, Њу Старс и во младинските категории на скопски Вардар. Мичковски е повратник во составот на каменичкиот тим. На позицијата крилен напаѓач доаѓа од редовите на Детонит, а претходно има настапувано за екипите на Кожуф и Малеш. „Наша основна определба е конечно вистинска стабилизација на Каменица Саса…

ПОВЕЌЕ ...

Забележани мртви риби во река Брегалница кај делчевските села Драмче и Бигла, – алармираа сточари од атарот на наведените села во текот на вчерашниот ден Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочува дека рибокрадство е причина за оваа појава: – Логично, ваквата појава е од рибокрадци, кои фрлаат динамит кај Биглата. Нема од што друго да биде – истакна Симоновски. Спортското риболовно друштво и повеќе здруженија на граѓани и организации веќе најавија прес конференција, на која ќе побараат одговорност за случајот. Извор: vecer.press.mk Линк од видеото објавено вчера: https://www.facebook.com/share/v/94nzDWCoZ6oQpYrm/?mibextid=oFDknk

ПОВЕЌЕ ...

Просечна плата во Европа стигна до 7.000, во регионот 2.000, а ние не можеме да дојдеме ни до 1.000 евра! Од поранешни југословенски републики сме на последно место според висината на просечната плата, а ние сме и на дното во регионот каде што просечната плата во некој земји достигнува 2.000 евра. Проблем е што кај нас работодавците се држат за минималната плата и сметаат дека и другите плати треба да се движат околу минималната плата. Но, не е така, минималната плата треба да биде пресметковна основна единица врз основа на која треба да растат сите плати. Ние сите ги сведовме…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09. Јули 2024 година – Добивањето на модерна и безбедна патна инфраструктура во секое населено место од Македонска Каменица, претставува врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа, – вака градоначалникот Атанасовски ја започна најавата на изградбата на локалниот пат ддо Чобанско маало во село Костин Дол. – Започнавме со изградба на на локален пат во село Костин Дол – Чобанско маало, со должина од 1500 метри. Паралелно, вршиме поставување на нова водоводна линија за потреби на населението од овој ден на нашата општина, – вели Атанасовски во изјавата Летната градежна офанзива, како што најавува градоналаникот Атанасовски, продолжува преку…

ПОВЕЌЕ ...

МВР информира дека синоќа во 20.40 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода С.Е.(25) од Виница, поради тоа што физички ја нападнал неговата 21-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

В среда, на 10 јули во вечерните часови (од 20 ч.), ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци. Во втората фаза од запрашувањето од земја ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид одобрен од Бирото за лекови. Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот поволен период. https://kocani.gov.mk/%d0%bd%d0%b0-10-%d1%98%d1%83%d0%bb%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%be%d1%87%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be-%d0%bf%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%be%d0%b4/

ПОВЕЌЕ ...

Секој четврток и недела – летна забава во пица ресторан Филитеа – Кочани Бидете дел од најдобрата забава во градот!!!! В четврток Акорд бенд во пица – ресторан Филитеа. Одлична храна и добра музика – Пицерија Филитеа Кочани 11.07.2024 (четврток) 20:30 ч. Највкусните пици и пастрамајлии во градот за вистински љубители на храна, единствено во„Филитеа“. Богато мени и голем избор на бургери, скара, поховано, стек во сос, ладни сендвичи и десерти.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА склучи договор со Арта Рама – ново мега засилување за посилен и поквалитетен среден ред на екипата! – Ни доаѓа од екипата на Хајвалија, Косово со која има неколку шампионски титули и настапи во лигата на шампиони, – велат од ЖФК Каменица САСА Станува збор за искусна фудбалерка која ќе одговори на повеќе позиции во средниот ред и веруваме дека ќе постигнеме многу успеси заедно, – стои во соопштението од каменичкиот фудбалски клуб

ПОВЕЌЕ ...

Во понеделникот во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, наместа со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 9. Утринските температури се движат од 13 во повисоките источни области на земјата, до 21 степен на крајниот југ. Во текот на денот највисоките соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната…

ПОВЕЌЕ ...