Author: Media Point

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00…

ПОВЕЌЕ ...

Разговорите за времето сѐ почесто се претвораат во приказни за бури, топлотни бранови, суши, поплави… Сите овие несреќи нè погодуваат почесто и пожестоко од кога било, а предвидувањата на научниците стануваат сѐ помрачни и велат дека повеќе од половина од Земјата до крајот на векот ќе премине во нови климатски зони. Овие наведувања може да се протолкуваат и како општи изјави, кои можат или не мора да влијаат врз нас лично, бидејќи понекогаш е тешко да се идентификуваме со толку долгорочни прогнози. Затоа е добро и поучно, па дури и предупредувачко, да се види како овие промени ќе влијаат врз…

ПОВЕЌЕ ...

Почина Шенен Доерти, ѕвездата на култната серија „Беверли Хилс 90210“ Шенен Доерти, ѕвездата на Беверли Хилс, 90210, почина по долгогодишна борба со ракот на дојката. Таа имаше 53 години. „Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун во изјава за People. Доерти се прослави во 1990 година како Бренда Волш во мегапопуларната серија Беверли Хилс, 90210. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Пристли, со кого остана блиска до крајот на животот.

ПОВЕЌЕ ...

Физички нападната 34 годишна жена од Виница, од страна на жена, маж и двајца малолетници. „Денеска (13.07.2024) во 02:15 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода К.М.(65) и Д.М.(45) по претходна пријава дека околу 01:40 часот во парк во Виница заедно со уште две малолетни лица физички ја нападнале С.И.(34) сите од Виница“, информираа од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на одбележувањето на Павловден – празникот на градот, во Виница се одржа свеченост на која беше отворена реконструираната киносала. Проектот за реконструкција почна пред неколку години и беа инвестирани над 19,7 милиони денари, од кои половина од буџетот на Општина Виница, а половина од Центарот за развој на Источниот плански регион, преку Бирото за регионален развој. Целосно е реновирана фасадата и кровната конструкција, а во внатрешноста е обновено гледалиштето и сценскиот простор каде е инсталирано ново осветлување и современа опрема за прикажување аудиовизуелни дела. -Се работи за функционален објект со капацитет од 200 посетители, во кој во иднина…

ПОВЕЌЕ ...

Википедија Павловден — голем христијански празник од летниот циклус кој се слави на 13 јули. Овој ден е Собор на 12 Апостоли, односно вториот ден од завршувањето на Петровденскиот пост. Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарсус (старогрчки: Σαούλ (Соул), Σαῦλος (Сулос), и Παῦλος (Павлос); латински: Paulus илиPaullus; хебрејски: שאול התרסי Šaʾul HaTarsi (Сол од Тарсус )[2] (c. 5 – c. 67 ), е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот Завет. Роден е во Тарс во…

ПОВЕЌЕ ...

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42°C. UV индексот ќе изнесува 10. Во Македонска Каменица, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38°C. Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната…

ПОВЕЌЕ ...

Со одлична игра во текот на целиот натпревар, нашата екипа ФК Каменица Саса успеа да одигра со нерешен резултат од 1:1 со екипата на Трајал од Крушевац, Србија. Стрелец за ФК Каменица Саса, наденешниот натпревар одигран на стадионот во Пехчево, беше капитенот Дарко Алексовски Пеле. Саса имаше шанса и за победа во овој контролен натпревар, но голманот на Трајал беше поуспешен од Алексовски и успеа да го одбрани ударот од 11 метри. Натпреварот се одигра во рамки на подготвителниот период пред почетокот претстојната натпреварувачка 2024/25 сезона од Втората фудбалска лига на Македонија. Од страна на македонкиот второлигаш, натпреварот…

ПОВЕЌЕ ...

КУБИК ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ВО БОГОВИЊЕ ПЛАЌААТ ПО 7,5 ДЕНАРИ, ВО КОЧАНИ ПО 49 ДЕНАРИ, А ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СО 25 ДЕНАРИ КУБИК ВОДА Е НАЈЕВТИН ВО РЕГИОНОТ Денес, 11 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за цените, потрошувачката и загубата на водата за пиење во земјава. Истражувањето покажа дека: Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе. Кај фирмите, најниска цена за кубик вода плаќаат потрошувачите во Желино, 13,42 денари, додека…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на подготвителниот период за новата натпреварувачка сезона, нашата екипа ФК Каменица Саса вклучи повеќе фудбалери од сопствената младинска школа. Станува збор за одличните и талентирани Лука Стојановски (голман), Димитар Јанковски, Александар Ивановски, Никола Коцевски, Матеј Атанасовски (голман) и Матеј Петрушов. Инвестирањето во младите категории ветува сигурен успех и стабилен развој во континуитет на фудбалскиот второлигаш од Македонска Каменица. На нашите млади фудбалери од Македонска Каменица им посакуваме личен и клубски успех. Да растат и да се развиваат во големи фудбалски имиња. Со многу извојувани победи да изградат богата фудбалска кариера и да бидат носители на играта на…

ПОВЕЌЕ ...