Author: Media Point

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на западно-нилска треска е од Кочани. Пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец. Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани. Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка…

ПОВЕЌЕ ...

Google Maps тестира корисна функција, дали ја имате и вие?  извор: Порта.мк Live Activities е корисна опција што ја има iOS, но за жал не се користи доволно. Google Maps прво објави дека апликацијата ќе поддржува Live Activities уште во 2023 година, а сега се повеќе корисници ја добиваат оваа функција. Во изминатите неколку недели, Live Activities се појавува кај се повеќе корисници на iOS кога станува збор за апликацијата Google Maps, пренесува 9to5 Google. Затоа, јасно е дека Google ја тестира оваа опција, но дека сè уште не ги донел овие тестови до крај. Активностите во живо, патем, за…

ПОВЕЌЕ ...

Продолжено е траењето на сезоната на топлотните бранови – Фото: „Нова Македонија“ Истражувања за климата со заеднички резултатски именител: Периодите на екстремно топло време стануваат подолготрајни, почести и поинтензивни Голем број истражувања покажуваат дека со климатските промени, топлотните бранови станаа подолготрајни, почести и поинтензивни, особено во смисла на т.н. кумулативна топлина Истражувањата од областа на климата и климатските промени откриваат дека просечниот број на т.н. топлотни бранови се зголемил од вкупно два во 60-тите години на минатиот век на ниво на година, на повеќе од шест во изминатите пет години! Траењето на сезоната на топлотните бранови исто така е продолжено.…

ПОВЕЌЕ ...

Во центарот „Аква“ денеска, во рамките на општинската манифестација по повод Петровден, се одржува традиционалната Берза на винили, како дел од мултимедијалниот настан насловен „24 часа урбан здив“. Ова е четврта по ред Берза на винили, која, според организаторот Тошо Филиповски сѐ повеќе станува регионална. – Нашата тенденција е да доаѓаат што повеќе луѓе од што повеќе држави. На учесниците им се допаѓа амбиентот и гостопримливоста на Кочани, па ќе се трудиме да ја одржиме оваа приказна и да ја развиеме во културно лето, вели Филиповски. Годинава на Берзата на винили има 13 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора…

ПОВЕЌЕ ...

Погледнете дел од атмосферата од Младински самит, организиран од Младинскиот образовен форум, по повод Светскиот ден на вештини на младите, каде учествуваа 9 наши млади сограѓани како претставници од Здружението “Надеж – Норе” од Македонска Каменица. – За време на самитот, претставници од младински организации од целата државата ги зајакнаа своите знаења и вештини за употреба на вештачка интелигенција при аплицирање проекти, наоѓање алтернативни извори на финансирање, управување со проекти како и привлекување публика за настани и создавање бренд на (социјални) медиуми, – истакнуваат за настанот од Младинскиот образовен форум Преку вакви иницијативи, Активноста на USAID North Macedonia за млади…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. Јули 2024 година – 19 годишниот Флорим Асани е најново засилување во редовите на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Доаѓа од Академијата на тетовска Шкендија, каде бележи успешни натпревари во повеќе младински категории. Со ова доаѓањето на младиот Асани, нашата екипа ФК Каменица Саса ја засилува десната бековска позиција. Заедно со претходните засилувања македонскиот второлигаш од Македонска Каменица ветува силно подбрен состав на повеќето позиции во играта. Се надеваме дека спојот на искуството и младоста треба да даде значително подобри резултати во текот на претстојната натпреварувачка сезона. Следен натпревар во рамки на подготвителниот период, Саса ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. Јули 2024 година – Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во среда на 17. Јули 2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (трето) терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот…

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која со која се врши врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година. Од полноќ за еден денар поевтинуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека цената на дизелот ќе се намали за 1,5 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, а на мазутит за 0,716 ден/кг. Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година. Согласно конкурсот, обезбедени се 4303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а…

ПОВЕЌЕ ...

На третата Недела по Педесетница, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Свети Наум” во Делчево. По читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа. За време на Литургијата верниот народ се причести со Светите Божествени дарови. После Богослужбата на покана на родителите на новороденчето, Епископот г. Марко изврши чин на свето крштение на божјото чедо Алексеј Стојчев.

ПОВЕЌЕ ...