Author: Media Point

Судбината на овие две деца чиј живот наместо нагоре кон облаците, одамна се втурнал во амбис, ја делат стотици деца низ Македонија. Погледнете ја тажната приказна, за која треба секој добро да размисли… автор: Александра Филиповска

ПОВЕЌЕ ...

(комерцијална објава) Искористете го продолжениот викенд 18-21 Јануари (Водици) и заедно со Либеро Травел посетете го Истанбул. Магичниот град што ги спојува Истокот и Западот. Во цената, за резервација до 10. Јануари, од 3990 денари се вклучени две ноќевања, водич при прошетката низ градот и разни други поволности при ова и следните патувања заедно со Либеро Травел. Јавете се на 072 272 800 за повеќе и детални информации или отворете го следниов линк.

ПОВЕЌЕ ...

Еден пациент загинал кога испаднал од возило на Брза помош во населбата Џеп кај Владичин Хан. Несреќата се случила синоќа околу 21 часот на магистралниот пат Врање-Лесковац. До трагедијата дошло кога возилото на Брза помош тргнало да претекнува камион, но во тој момент му наишол автомобил од спротивниот правец. Со намера да го избегне автомобилот кој му доаѓал во пресрет, возачот на амбулантното возило наводно нагло свртел и удрил во банкината, при што пациентот испаднал од возилото и починал. https://www.youtube.com/watch?v=kldX2y04GFc

ПОВЕЌЕ ...

Мошне популарната диета ДАШ е прогласена осма година по ред за најдобра, имајќи предвид дека се заснова претежно на овошје, зеленчук и интегрални житарки, а се избегнуваат слатки, слатки напивки и црвено месо. Нутриционистите во рамките на истражувањата анализирале дури 38 најпопуларни диети во светот. При составувањето на листата проучувале различни фактори, вклучувајќи го степенот на леснотијата на придржувањето на диетата, колку диетата е хранлива, безбедна, ефикасна за губење на килограмите и во која мерка штити од дијебетес и болести на срцето кај следбениците на диетите. Лек за висок притисок Стручњаците од Универзитетот Харвард во декември 2017 година ја прогласиле диетата ДАШ…

ПОВЕЌЕ ...

6 јнуари 2018 (kamenica.mk) Утринава најмногу снег, четири сантиметри има во Лазарополе, а најстудено е во Берово и Петровец каде се измерени минус четири степени Целзиусови. Времето е ведро и студено, во североисточниот дел од земјата со слаб ветер од променлив правец. Снежна покривка од два сантиметри има и во Маврово, а минималните температури се движат од минус три степени во Каменица, Струмица, Демир Капија и Тетово, минус два во Куманово, Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Гевгелија, минус еден во Крива Паланка и Лазрополе, во Охрид, Маврово и Претор се измерени нула степени, во Пожаране и Виница еден степен, а во…

ПОВЕЌЕ ...

Божиќ и славите се најпрославуваните празници кај нас. Наследени се од старинските религии, а со текот на времето се христијанизирале, па во нив се вметнати разни христијански симболи и ритуали. Овде спаѓа и сечењето на бадниковото гранче. Бадниковото гранче, или баднак е отсечен дел од дабово дрво кое се сечи рано наутро и се носи пред куќата, а се внесува внатре дури вечерта. Бадниковото гранче е симбол за дрвото кое го донеле овчарите и кое Јосиф го ставил во ладна пештера кога се родил Исус. Баднакот исто така претставува и дрво на Исус. Според обичајот, по бадниковото гранче се оди…

ПОВЕЌЕ ...

65-годишен возач на трактор од Македонска Каменица од синоќа е со тешка фрактура на клучната коска и повреди на градниот кош. Несреќата се случила  на патот од селото Цера кон Македонска Каменица, кога трактористот изгубил контрола при возењето и паднал, а тракторот продолжил со движење. За среќа, на патот немало ниту други возила ниту пешаци, па се завршило само со повреди само на возачот. Со оглед на тежината на повредите, 65-годишниот возач П.С. е префрлен во медицинскиот центар во Штип, а веднаш потоа транспортитан и до ургентниот центар во Скопје. Иако неговите повреди се тешки, лекарите се убедени дека тој…

ПОВЕЌЕ ...

5 јануари 2018 (kamenica.mk) – Православните христијански верници во Македонија на 7 јануари го одбележуваат Божик. Пред две недели и католиците и дел од православниот свет го прославија Христовото раѓање, единствен настан за христијаните, со единствено значење, но без единствен термин за негово одбележување. Во христијанството се уште има разлики за тоа кога треба да се слави Божик и другите верски празници, пред се поради догматските несогласувања меѓу црквите и различните системи на мерење на времето. Така католиците и дел од православните христијани кои го прифатиле Грегоријанскиот календар, Божик го слават на 25 декември. Дел од православните цркви кои се водат според стариот Јулијанскиот календар, раѓањето Христово го одбележуваат на…

ПОВЕЌЕ ...

Извршители без милост: За 10 години од народот наплатиле 120 милиони евра За 10 години, извршувањето зголемо за 6 пати – од 20 на 120 милиони евра, покажуваат анализите на економистите. Според нивните истражувања во 2006 година, извршителите наплатиле 20,2 милиони евра, а во 2016 година сумата која тие ја зеле од народот изнесува 118,9 милиони евра. Ова е алармантен пораст на присилна наплата, што од економски аспект секако не е добра: Тоа значи дека се зголемуваат извршни предмети, односно се зголемуваат предметите во кои населението и правните лица се јавуваат како должници. Тоа значи дека преку наплатата на извршителите…

ПОВЕЌЕ ...

По објавените Јавни конкусри за доделување на стипендии на редовни студенти кои студираат на државните универзитети како и ученички стпиендии на редовни ученици кои учат во СОУ„М.М. Брицо“ Делчево денес во кабинетот на градоначалникот од страна на претседателот на Советот на Општина Делчево – Драган Маневски беа доделени стипендиите. За рангирањето односно бодирањето беше составена Комисија од страна на градоначалникот по што беа изберени студентите односно учениците кои постигнале најдобри резултати во образовниот процес. По објавениот Јавен конкурс бр. 08-1447/2 од 05.12.2017 за доделување на 6 ученички стипендии на одлични ученици од СОУ М.М.Брицо Делчево , по точка 1 од Конкурсот, се…

ПОВЕЌЕ ...