Author: Media Point

Луѓето направија неверојатен научен и технолошки напредок во текот на изминатиот век. Ние создадовме технологии кои го трансформираат нашето општество; научните достигнувања ни помогнаа да одговориме на фундаменталните прашања за тоа кои сме и каков е светот во кој живееме. Но, сепак, постојат мистерии кои сè уште не се решени. Зошто имаме потреба од спиење? Наодите во науката за спиење фрлија малку светло врз комплексноста на фазите на спиењето и активноста на мозокот, но во крајна линија, тие само нудат парчиња на постојано растечка, нецелосна загатка. Теоријата за заштеда на енергија е една од неколкуте што научниците ги користат за…

ПОВЕЌЕ ...

Четири дена одлежал во штипскиот затвор за украдена една количка дрва. Ова е казната која ја добил Рушид од Берово, кој соочен со немаштијата и седумте гладни усти од неговите деца, се решил на ваков начин да го стопли семејството. Една количка дрва борови и ме фати еден господин ми пиша казна од 4 илјади денари и ме пратија на суд. За една недела бев на суд и им велам немам од кај да платам и ме пратија да одлежам и бев таму чистевме ниви и ако треба децата пак да ги стоплам пак истото ќе го направам, кажа Рушид…

ПОВЕЌЕ ...

Управата за јавни приходи ќе врши контрола низ сите кафулиња и кафеани кои во текот на деновите со новогодишни прослави пријавиле мал промет. Од УЈП за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека констатирале нереални состојби на готовинскиот промет во угостителски објекти и во наредниот период ќе пратат инспекции во контрола. „Од извршениот мониторинг и анализи на податоците од ГПРС системот на Управата за јавни приходи, евидентирани се нереални состојби на готовинскиот промет кај одредени објекти, особено имајќи предвид дека во периодот на новогодишните празници е зголемена потрошувачката кај определени дејности. Оттука, Управата за јавни приходи кај сите овие објекти ќе изврши и контроли…

ПОВЕЌЕ ...

Новозеландски патници кои тргнале да ја прослават новата година на Хаваи имале луда ситуација да полетаат во 2018, а да слетаат во 2017 година. Летот 466 на „Хаваијан ерлајнс“ требало да тргне одОкленд, главниот град на Нов Зеланд, на 31 декември, во 23.55 часот по локално време, но дошло до непланирано одложување од десет минути. Поради тоа, авионот полетал за Хонолулу во новата година, пет минути по полноќ на 1 јануари. Бидејќи Хаваи се наоѓаат на другата страна од меѓународната линија на датуми, Хонолулу е временски 23 часа зад Окленд, па по осумчасовен лет, авионот пристигнал на својата дестинација кога…

ПОВЕЌЕ ...

Околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, од денеска се на тринеделен зимски распуст. Околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, од денеска се на зимски распуст. На настава во второ полугодие ќе се вратат на 22 јануари. Последниот работен ден им беше на 29 декември, а пред официјалниот почеток на вториот дел од учебната 2017/2018 година, ќе имаат продолжен викенд бидејќи 19 јануари (петок) е неработен ден.

ПОВЕЌЕ ...

02. Јануари 2018 каменица.мк Утрово и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, а кон крајот на денот ќе се промени во северен. Утринските температури ќе се движат од нула до шест степени, додека дневните ќе се искачат од 4 до 13 степени. Во нашиот град времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 1 степен, додека дневната до 10. Нов влажен и постуден бран се очекува од четврток кога ќе има и локални врнежи од…

ПОВЕЌЕ ...

2 јануари 2018 (каменица.мк) –  Од денеска повторно може да се поднесуваат барања за легализација на дивоградби, откако стапија во сила последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, усвоени од Собранието на 22-ри минатиот месец. Дополнителниот рок за поднесување барање за легализација е до крај на годинава, а со законските измени се овозможи дополнителен рок и за комплетирање на документацијата, што ќе може да се направи до крајот на јуни годинава. Услов за легализација на објектот е тој да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година, како што се предвидуваше и со првото законско решение  за оваа…

ПОВЕЌЕ ...

2 јануари 2018 (каменица.мк) Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 декември. Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше.…

ПОВЕЌЕ ...

Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа во новогодишната ноќ настапија во Будва, каде дојде до скандал меѓу нив. Имено, наводно на крајот на новогодишниот концерт дојде до физичка пресметка меѓу нив двајца во бекстејџот. Наводно прво дошло до вербален судир, а потоа и до кошкање што на крајот кулминирало со физичка пресметка меѓу двајцата пејачи. Сведоците наведуваат дека до судир дошло по завршувањето на концертот, кога пејачите се симнувале од бина при што подебелиот крај го извелекол Тифа. Тоа дополнително ги подгреа приказните во групата Бијело дугме состојбата воопшто не е идеална, како што се чини. -Кога и да имав…

ПОВЕЌЕ ...

Во жител на село Будинарци кај Берово, С.К. е пукано кога ловџија го помешал со плен. Додека вчера околу пладне собирал шумски плодови во местото Лешова ливада, одеднаш во пределот на двете нозе почувствувал остра болка, по што се струполил на земја. Дури подоцна дознал дека на него од ловечка пушка пукач И.П. (38) од истото село, кој за својот сосед помислил дека е дивеч. Полицијата соопштила дека И.П. на оддалеченост од околу 60 метри видел дека се мрдаат гранки на смрека и слушнал дека нешто таму шушка. Верувајќи дека се работи за дивеч, ја кренал пушката во тој правец…

ПОВЕЌЕ ...