Author: Media Point

Извршителите повеќе ништо не им можат на оние кои живеат од социјална помош. Блокирање на нивните сметки –ќе нема. Ова е предвидено со меморандум на кој денес заеднички се обврзаа Комората на извршители и Министерството за труд и социјална политика: Во изминатите години не само што имавме блокирање, туку и за одблокирање на сметките граѓаните имаа обврска да плаќаат. Сега тоа го надминуваме и граѓаните се ослободени од трошоци, но ќе се надминат проблемите со кои што се соочуваат и извршителите, а и МТСП се ослободува од товарот со одредени пари кои од буџетот беа наменети за граѓаните, да бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Годинава, новогодишни пакетчиња добија и најмалите категории на фудбалери при ФК Каменица САСА. Над 40 дечиња- фудбалери, од генрациите 2005/2011 присуствуваа на предновогодишната забава организирана за нив во Cliff of Moher Pub, каде низ меѓусебна игра и смеа им беа поделени и новогодишните пакетчиња. Настанот беше организиран и воден од страна на нивниот долгогодишен тренер и спортски работник Стојче Милошевски, а истиот беше помогнат од ЈТД “Јаков”, Cliff of Moher Pub и каменица.мк. Дечињата после вчерашното предновогодишно дружење заминаа на зимски распуст, а на терените се враќаат после 10 Јануари. Ние, каменица.мк како и сите љубители на спортот во градот…

ПОВЕЌЕ ...

Нов шведски енергетски концепт може секоја зграда да ја претвори во нето нула енергетска структура. Концептот е на компанијата Innenco од Малме и ја користи темралната маса на зградата за драстично да се намали потрошувачката на енергија за 85%. Со нивните активни елементи, системи, пумпи за греење, за ладење и соларни панели, Innenco може секоја зграда да ја претвори во зграда која не троши енергија. Innenco е кратенка за иновативен енергетски концепт и нивната визија е да креираат можности за изградба на структури кои нема да трошат енергија во целиот свет. Нивната технологија го менува начинот на којшто функционираат зградите…

ПОВЕЌЕ ...

Старец од Делчевско умре сакајќи само да се стопли. Обидот да обезбеди дрва за греење, за 75-годишниот Симеон Маринков од делчевското село Град, заврши кобно, откако запрежната кола, полна со штотуку набрани дрва, се превртела и го приклештила. Силината на падот и притисокот била преголема, па старецот починал на лица место како последица на повреди на главата, ’рбетот и градниот кош. Инаку, старецот живеел сам, па дека нешто не е во ред со него соседите разбрале, откако вечерта не се вратил да си ги прибере козите. Веднаш го алармирале семејството и организирале потрага по Маринков, но го нашле само неговото…

ПОВЕЌЕ ...

Вашингтон, 27 декември 2017 (каменица.мк) – Американски научници создадоа компјутерска симулација, при која Сонцето исчезнува на 24 часа, и којашто прикажува какви последици би имало тоа врз Земјата. Веднаш пo замрачувањето на Планетата, за осум минути небото ќе поцрни, а растенијата ќе престанат да произведуваат кислород. Температурата на воздухот првично ќе падне до 5 – 7 степени Целзиусови. Потоа, насекаде по светот ќе има пад и хаварии во електричните мрежи, а некаде и зголемување на нивото на водите и поплави. Тоа во многу места ќе предизвика целосен мрак, нагол студ, хаос и, секако – човечки жртви. Само за морската флора и фауна…

ПОВЕЌЕ ...

 27 декември 2017 (каменица.мк) Македонските планинари и планински тркачи Александар Кирковски и Игор Јовановски, придружувани од Мики Тодоровски успешно реализираа последователно брзинско искачување на трите највисоки планини на Балканот во календарска зима. Балканската планинска трилогија почнува од врвот Митикас 2.918 метри надморска височина, на планината Олимп, во Грција, продолжувајќи со Вихрен 2.915 мнв на планината Пирин, во Бугарија и завршува со Мусала 2.915 мнв на планината Рила, во Бугарија. Подвигот македонските планинари го комплетирале за вкупно време од 30 часа и 55 минути вклучувајќи го и превозот меѓу планините во должина од 600 километри. Само за искачување на планините им…

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на ноќта сонуваме околу пет сонови, третина од животот поминуваме спиејќи, соништата се најчесто негативни, а кога сонуваме дека паѓаме, тоа е последица на мала парализа. Еве уште некои неверојатни факти за соништата…   И бебињата сонуваат Речиси 70 отсто од животот доенчињата го поминуваат спиејќи, а половината од тоа време сонуваат. Се верува дека сонуваат за секојдневни работи како што се хранење, мириси и чувство на задоволство. Се претпоставува дека првите ноќни кошмари се јавуваат околу втората година од животот. Секоја ноќ сонуваме по час и половина Третина од животот луѓето поминуваат спиејќи, а во текот на…

ПОВЕЌЕ ...

Во 2018-та година конечно ќе отпочне да се применува новиот и модерен начин на работа по македонските патишта, а со него доаѓаат и новите наплатни станици заедно со електронското плаќање на патарина. На новата наплатна станица во Романовце (кумановско) опремата е веќе инсталирана, а во моментов таму се прави технички прием по што ќе биде ставена во функција. Што се однесува до електронската наплата на патарините, таа ќе започне малку подоцна, односно кога ќе бидат завршени и дел од другите станици вдолж Коридорот 10.   Според планот, наскоро ќе започнат и градежните работи на наплатните во Петровец и Градско, како…

ПОВЕЌЕ ...

Алармантна состојбата со водата во Брегалница. Најстрашно е од Калиманци до Злетовица, покажуваат научните испитувања на терен. Последните студии се превани пред неколку години, па научниците се плашат дека состојбата, реално може да биде и многу полоша: Станува збор за контрола на квалитет извршен 2012/’13 година и тоа е научно истражувачка студија, но потребен е континуиран мониторинг за да се дадат поконкретни податоци, изјави Билјана Балабанова, универзитетски професор. Досегашните анализи упатуваат на претпоставка дека големо влијание врз лошиот квалитет на водата имаат, отсуството на колекторски системи, но и прекумерната употреба на пестициди: Сметаме дека се афектира и агрономската искористливост на…

ПОВЕЌЕ ...

27.XII.2017 kamenica.mk Доколку сте преживеале инфаркт или мозочен удар, Владата му препорачува на Вашиот работодавач од утре да ве ослободи од работа се додека загадувањето е високо. Препораката важи за сите граѓани од оваа категорија вез разлика на која возраст се. Покрај нив, утре на работа не би требало да одат и болните од хронична астма но и бремените жени и луѓето постари од 60 години. Министерството за животна средина и просторно планирање алармира дека 2 дена загадувањето на неколку точки во Скопје континуирано е повисоко од 200 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички што е доволно да се…

ПОВЕЌЕ ...