Author: Media Point

Римокатоличката црква, протестантските и англикански цркви, како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето по Грегоријанскиот календар денеска го прославуваат Божик. Папата Франциско синоќа, на Бадник, го спореди патувањето на Марија и Јосиф во Витлеем со денешните миграции на милиони луѓе кои се принудени да ги напуштат своите родни држави заради подобар живот или само за да преживеат и изрази надеж дека никој нема да се чувствува „како за него да нема место на овој свет“. – Верата бара странците да бидат добредојдени, нагласи папата, служејќи петта миса на Бадник како врховен поглавар на 1,2 милијарди католици…

ПОВЕЌЕ ...

Дали сте се запрашале некогаш дали постои некој кој изгледа исто како вас? За љубопитните постои одлична страница „I Look Like You“. На неа можете да ги пронајдете своите двојници и да дознаете каде живеат. Потребно е само да ставите своја фотографија на страницата, а програмата ќе ви ја даде локацијата и корисничкото име на двојникот, како и процентот во кој вашиот изглед одговара. Што е најдобро од се`, својот изглед на истиот начин можете да го споредите и со своите најдраги познати личности.   Целата идеја потекнува од програмите на безбедносните служби кои користат техника за препознавање на лица…

ПОВЕЌЕ ...

На Истокот му се случува демографска катастрофа. Една третина од работоспособното население е иселено од Регионот, а неофицијалната статистика зборува дека само од Виница, околу 5.000 луѓе од Виница си заминале засекогаш. Ова се податоци до кои дошла невладината „ИНИ“ од Виница, која започнува проект за системски пристап за решавање на проблемот со миграцијата. Кои се очекуваните цели на проектот : Афирмација на проблемот со иселувањето во јавноста, идентификација на проблемите и причините за иселување, идентификација на проблемите кои ги одвраќат иселениците да се вратат дома и дополнително стимулираат иселување, идентификување на главните предизвици за намалените инвестиции од страна на…

ПОВЕЌЕ ...

Утрово Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Секторите за внатрешни работи по претходно обезбедени наредби за претрес од Судија на претходна постапка од надлежните судови, заради пронаоѓање на предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, како и имотни деликти, изврши претреси кај лица за кои постојат сомненија дека се занимаваат со улична препродажба на дрога. На 25 локации пронајдени се предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела и лишени се од слобода 25 лица. Одземени се 49 паковки хероин, околу 1,8 кг марихуана, таблети екстази,една паковка амфетамин и една грутка хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две…

ПОВЕЌЕ ...

Р. Бугарија воведува мали промени во користењето на таканаречените “винетки” Нашиот источен сосед воведе новини во начинот на користење на винетките без кои сите знаеме дека не можеме да патуваме во нашето најблиско соседство. Новините се во тоа што наместо како досегашната пракса винетките да важат до 31 јануари без разлика во кој месец од годината се купени отсега годишните винетки ќе се користат од датумот кога е купена до истиот период наредната година. Така на пример ако винетката е купена на 1 јануари или 4 мај 2018 година истата ќе важи до 1 јануари односно 4 мај следната година.…

ПОВЕЌЕ ...

22 Декември Јас ти бев некое учителско дете. Тоа тие мојата привилегија од социјализмот. На сите деца по три шамари на мене 6, на сите песничка на мене стихотворба. И повторно бев тежок пример за другите, да не кажам лош. Ајде да се вратам на темата. Секоја година на 22 Декември, од сите одделениа од сите возрасти по едно дете ќе одбереа и правец караулата на ЈНА во селото над моето мало место. Да им го честитаат денот на Граничарите, славните армиски единици за кои рецитиравме, војниците со титовка на главата и пушка за десно рамо кои на ликовно…

ПОВЕЌЕ ...

22.XII.2017 каменица.мк Иако на почетокот на мандатот ветуваа кооперативност и соработка со советниците од владеачкото мнозинство, советниците од ВМРО ДПМНЕ одлучија да ја напуштат вчерашната седница на Советот на општина Македонска Каменица. Тие со образложение за поддршка на притворените пратеници за инцидентот во македонскиот Паралмент од 27 април, ја напуштја најзначајната седница на Советот на Македонска Каменица, седница на која беше донесен Буџетот на општината за претстојната 2018 година. Оваа нивна одлука, помина без коментар и посебно внимание од страна на владејачкото мнозинство, па работата на Советот и гласањето за буџетот, советниците од СДСМ и коалицијата го продолжија без нив.…

ПОВЕЌЕ ...

22.XII.2017 kamenica.mk Додека „поискусните“ музички сили ги одбегнуваат фестивалите како „Макфест“ на кој можат да промовираат нова песна, за помладите сили тоа се се’ уште волшебните места за промовирање. Едни од нив се и’ „Риплеј“ кои годинава на „Макфест“ ја претставија „Ти си мојот сон“, од авторите Влатко Илиевски и Бојан Дамјановски. Момчињата за „Ти си мојот сон“ снимија и видео па можете да го погледнете подолу.

ПОВЕЌЕ ...

Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го исплаќаат. „Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика. Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација“, се вели во соопштението на Владата на РМ.

ПОВЕЌЕ ...

Седумгодишните близнаци Тео и Тони заедно со своите баба и дедо живеат во руинирана куќа во Долно Лисиче без основни услови за живот. Тео и Тони се напуштени од родителите кои по разводот си заминале од дома оставајќи ги нив во рацете на беспомошните Веле и Станка кои се невработени. Ова четиричлено семејство финансиски прилив има само доколку некој од соседите ги повика бабата и дедото на Тео и Тони да работат за дневница на нива или некоја друга земјоделска работа. Семејството Зафировски живее во двособна куќа чии ѕидови се полни со влага, кровот прокиснува, а немаат ниту тоалет и…

ПОВЕЌЕ ...