Author: Media Point

Лос Анџелес, 19 декември 2017 (kamenica.mk) – Светски познатиот актер и музичар Џаред Лето на својот Твитер профил го повика бугарскиот премиер Бојко Борисов да го заштити Националниот парк Пирин. – Бојко Борисов, Ве молам, заштитете го Националниот парк Пирин од прекумерната сеча заради профит и од скијачката инфраструктура. Спасете го Пирин. Нашето наследство е под закана. Преземете нешто веднаш!, напиша тој. И Фондацијата на Леонардо Ди Каприо испрати слична порака за заувување на „со векови старите шуми“ во тој Национален парк во Бугарија.

ПОВЕЌЕ ...

Берлин, 19 декември 2017 (kamenica.mk) Возач на камион од северот на Германија цели 30 години собирал метални парички, кои ги пакувал во пластични ќеси. Во неговата колекција има и марки и евра, но и фенинзи и центи. Кога човекот починал во мај годинава, неговото семејство наследило над еден милион монети, со вкупна маса од два и пол тона. Толкаво количество метал предизвикува повеќе проблеми отколку радости, но пред 15 години еврото ја замени марката како официјална валута во Германија, па благодарение на тоа, семејството ќе има и полза од дел од наследството Натаму, паричките биле проследени до германската Централна банка, чии…

ПОВЕЌЕ ...

20.XII.2017 kamenica.mk Колкав е периодот за застарување на дело односно колку години треба да е стар долгот за да застари? Одговара Бојана Георгиевска Марковска, адвокат Извор: СамоПрашај

ПОВЕЌЕ ...

Полициите на Словенија и на Хрватска во соработка со „Европол“ разбија меѓународна криминална група што била вмешана во корупција во спортот и илегално обложување. Нејзините членови се сомничат дека учествувале во лажирање на натпревари во фудбалските првенства во Македонија, во Србија и во Чешка. Покрај ова, во соопштението на „Европол“ се наведува дека е извршен претрес на 13 куќи и 15 возила на различни локации во Хрватска и во Словенија притоа се уапсени 11 лица. Во акциите се запленети два автомобила, 35 електронски направи, 32 мобилни телефона, 19,650 евра и 38,500 фалсификувани евро-банкноти. „Мрежата создала илегална интернет платформа со цел…

ПОВЕЌЕ ...

Специјалното јавно обвинителство објави дека отворило истрага под кодно име „Друмарина“ за патните трошоци на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека осомничената од 25 јуни 2011 година до 16 декември 2015 до собраниските служби поднесувала лажни фискални сметки за патарини. Истрагата на СЈО покажала дека Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило. „Извршената анализа покажува дека ако патувањата би биле реално направени, осомничената би направила 235.928 км, но според доказите таа поминала 133.520 километри“, рече Фетаи. Според истрагата Бонева, која е рекордер во наплатен надомест…

ПОВЕЌЕ ...

     Откако минатата недела јавноста беше згрозена од силувањето на малолетната ученичка, грабната на голем одмор од училишниот двор од страна на пријавениот, според билтенот на МВР, во изминатиов викенд има нови силувања. Поднесена е пријава во петокот за  силувања на две деца од постар малолетник, кој бил нивни сосед во приградска населба на Скопје, а вчера веќе има нова пријава во Струмица за две силувања. Според пријавата, осомничениот насилно ги влечел жртвите кон неосветлен дел од градот, додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти. Со кривичниот законик е предвидена минимална казна затвор  за силување од три,…

ПОВЕЌЕ ...

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај фабриката „Раде Кончар“. Полицијата соопшти дека во несреќата загинал З.В. (1966) кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се М.К (2000) и К.К. (1993). Несреќата се случила околу 00:50 часот, а по сообраќајката интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

ПОВЕЌЕ ...

Изминатиот викенд Твитер Македонија ги прогласи најдобрите во Твитер заедницата за изминатата година во 30 тина категории: Најдобар твитерџија/твитерџика, најдобра твит, најдобра риплај, најдобра организација на Твитер… За најдобар твит измината година е прогласен: Фиромавиот двапати плаќа. На блогот „И ја иам блог“, каде преку целата година неделно се објавува избор на најинтересните твитови,  е објавен избор на Најдоброто на Твитер во 2017 година.

ПОВЕЌЕ ...