Author: Media Point

19.XII.2017 kamenica.mk Не можеш да работиш прекувремено повеќе од 8 часа неделно, треба да добиваш додатоци ако работиш во смени, ноќе или на празници, а годишниот одмор треба да ти трае најмалку 20 работни дена. Дури имаш право да побараш неплатено отсуство од 3 месеци во годината, а работодавачот да ти го чува работното место. Додека штрајкуваш, имаш право на плата, а за време на отказниот рок, можеш да отсутвуваш од работа 4 часа во неделата за да бараш друга работа. Запознај ги своите работнички права и #Прашај. Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови…

ПОВЕЌЕ ...

19 декември 2017 (kamenica.mk) Во поголем дел од Македонија утринава температурите се под нулата освен во Гевгелија каде се измерени три степени. Најстудено е во Маврово каде минималната температура е -12 степени, потоа во Лазарополе -11, Крушево -8, Пожаране -7, Дебар -6, Ѓуриште -5, Каменица и Берово -4, Тетово, Охрид, Прилеп и Претор -3, Битола -2 и Штип, Виница, Демир Капија и Куманово -1 степен. Во Скопје, Струмица и Дојран се измерени нула степени. Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дојран – четири литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Пожаране, Тополчани, Струмица, Гевгелија, Охрид, Тетово и Битола…

ПОВЕЌЕ ...

19.XII.2017 kamenica.mk Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најголемите христијански празници, кој се празнува секоја година на 19-ти декември, според новиот календар. Од неговиот живот и дело учиме да бидеме дарежливи, да помагаме, да почитуваме и сакаме. Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите. Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови синоќа и денеска со вкусна посна трпеза, дочекуваат…

ПОВЕЌЕ ...

Кола во моментов се наоѓа  во реката Вардар, во делот меѓу Камениот мост и мостот Око во центарот на Скопје. Колата е заглавена меѓу фонтаните, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита се обидуваат да го извадат возилото од водата. „Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата. Информациите кои ги имаме од граѓани се дека девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата…

ПОВЕЌЕ ...

На 16.12.2017 година во Полициската станица Виница, 33-годишна жена од Штип (во моментот непријавено престојувала во Кочани) пријавила дека А.Х. (22) од Виница, со кого живее во вонбрачна заедница, извршил полов напад врз нејзината 10-годишна ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и работник од Центарот за социјални работи Виница, по барање од Јавен обвинител, врз девојчето бил извршен преглед во Општа болница Кочани. При прегледот било констатирано дека постоел полов контакт. А.Х. изјавил дека повеќе пати, без присилба, со волја на девојчето имале сексуални односи. Тој бил лишен од слобода и по целосно…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево, 18 декември 2017 (kamenica.mk) ЈПКД „Брегалница“ од Делчево интензивно работи на чистење на дивите депонии во градот и околината. Директорката на ЈПКД „Брегалница“, Розетка Цонева, истакна дека се лоцирани шест диви депонии, а акцијата се одвива во соработка со Општина Делчево и надлежниот инспекторат. – Досега се исчистени две диви депонии, депонијата кај мостот на реката Брегалница во индустрскиот дел од градот и депонијата за градежен шут Ралева Чука. Остануваат уште депониите кај Попов мост, кај манастирот св. Богородица Балаклија, кај Очипалска Река и кај Црквенска Река. Бидејќи на овие локации има најразличен комунален отпад и шут, мора да…

ПОВЕЌЕ ...

Стамен Филипов e рекордер во поднесени иницијативи до Уставниот суд. Обичен херој чие главно хоби е барање лоши закони кои потоа се бори да ги поништи или направи подобри. До судот поднел преку 1200 иницијативи , додека 308 му биле прифатени. Кој е Стамен, погледнете во видеото.

ПОВЕЌЕ ...

Учениците, штом завршат со часови одат право да си ја испробаат среќата, во казина и обложувалници.  Овие фотографии испратени до нашата редакција, говорат за загриженоста на родителите и наставниците за сè поголемиот број коцкарници отворени на најфреквентните места. Феноменот  освен возрасните, ги има „заразено“ и децата, особено тинејџерите. Тешката економска и социјална состојба, за многумина се смета за плодна почва за „цветање“ на овој бизнис. Со мала заработка, луѓето се надеваат дека барем автоматите за игри ќе им бидат наклонети. Во Куманово, на пат е да се  отвори уште едно казино, кај зелениот пазар, на главниот булевар, и на  само…

ПОВЕЌЕ ...

17. декември 2017 каменица.мк Православните верници денеска го слават Варваринден или Варвинден, еден од поголемите христијански празници од зимскиот циклус, кој секогаш се паѓа на 4 декември, односно на 17 декември, по стариот календар. Меѓу народот постои верување дека на овој ден не се оди никаде на гости, туку се седи дома. Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник“. Се смета дека е добро тој да е човек со „лесен полез“, поради што поканувале луѓе што ги сметале за среќни први да дојдат наутро и да бидат полезници, бидејќи од полезникот зависело каква ќе биде годината…

ПОВЕЌЕ ...