Author: Media Point

Министерството за образование не ја исклучува можноста зимскиот распуст да започне порано поради загаденоста на воздухот, објавува Факултети.мк. Тие додаваат дека активно ги следат состојбата и препораките на надлежните институции. – Ако се утврди потребата, ќе размислиме за предвремено почнување на зимскиот распуст. Сепак, секој прекин на наставата мора да биде надоместен. Така, доколку зимскиот распуст почне порано, неработните денови би морале да се одработат и учебната година би завршила подоцна од 10 јуни. Или учениците би одработувале викенди во текот на второто полугодие затоа што вкупниот фонд на наставни денови мора да биде 180 за да се реализира фондот…

ПОВЕЌЕ ...

Патентот на тројца македонски иноватори, др. Стефан Стефанов, др. Владо Спиридонов и Чало Чаловски, кој за 10. до 15. минути може целосно да ја растера маглата, веќе 18. години е заборавен низ фиоките на државата. Оваа приказна јавноста ја обиколи на почетокот на годината кога повеќе градови исто како и минативе неколку дена се гушеа во магла и смог.   Оваа иновација Министерството за економија ја прогласи во 2000. година за Патент на годината, а работата на тројцата македонски иноватори истата година освои златна медалка ЕУРЕКА во Брисел, за две години подоцна да добие и Гран при во Будимпешта. И…

ПОВЕЌЕ ...

17 декември 2017 (каменица.мк) Непознат сторител во Скопје одзел автомобил „Ауди А5“ со кочански таблички, откако лицето што го управувало запрело да купи бурек и го оставило возилото изгаснато со клучот внатре. Полицијата соопшти дека вчера напладне А.А. (26) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11:45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот. – Кога пријавителот влегол во бурекџилница, го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го…

ПОВЕЌЕ ...

17 декември 2017 (каменица.мк) Времето во Македонија е облачно со врнежи од дожд, главно со слаб интензитет. На планините над 1000 метри надморска височина има и врнежи од снег. Долж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава не се забележани минусни температури. Најстуденот било во Ѓуриште, Маврово, Крушево и Лазарополе каде се измерени 0 степени. Во Куманово 1, во Пожаране и во Крива Паланка 2, во Претор, Берово, Скопје Петровец и Тополчани 3 степени, во Скопје Зајчев Рид, Дебар, Штип, Прилеп и Тетово 4 степени, во Виница и Охрид 5 степени, во Битола и Демир Капија 6, во…

ПОВЕЌЕ ...

Нова публикација за заштитата на животната средина и повторени негативни рекорди во нашата земја. Според намената на инвестициите и трошоците за заштита на животната средина во 2016 година, само 1,7% од нив се одвоиле за заштитата на воздухот. Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпадот (72%), а по него следуваат трошоците за циркулацискиот систем за снабдување со вода (11,7%). Овие поразителни резултати се изнесени во најновата публикација „Статистика на животната средина, 2017“, која денеска беше објавена од Државниот завод за статистика. Статистичарите пресметале дека вкупната годишна емисија на загадувачки супстанции во воздухот постепено опаѓала во периодот…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Македонска Каменица – Соња Стаменкова, соопшти дека претходниот градоначалник свесно ја довел општината до ситуација на неликвидност два дена пред вториот круг на локалните избори. Таа кажа дека по налог на екс-градоначалникот селективно биле наплатени големи суми кон одредени договорни партнери, без да се почитува динамиката на обврските на општината. Градоначалникот Соња Стаменкова соопшти дека долгот на општината е 1,3 милиони евра, а поради таквото работење на екс-градоначалникот, општината сега не е во можст да им ислпати плати на дел од вработени, ниту редовно да ги подмири обврските по однос на склучени договори, набавени стоки или услуги. За…

ПОВЕЌЕ ...

Од 2001 година, 71.524 лица добиле бугарско државјанство во Република Македонија. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова на средба во бугарската амбасада во Скопје, објавуваат бугарските медиуми. „Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој започна во јануари годинава, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство“, рече Јотова. Таа во блиска иднина вети дека ќе го олесни режимот за стекнување на бугарско државјанство. „Ви ветувам дека во најскоро време ќе се олесни процедурата за добивање на бугарско државјанство“, рече Јотова.

ПОВЕЌЕ ...

Неповторливите Суперхикс се подготвува целосно да го освежат Скопје на 15 декември 2017 во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во 20:30 часот. „РамПаРаРам е стихот кој последнава година најчесто го слушаме. Во кола, по дома, на ТВ, од фрижидер, во комшии, на пиво, во диско, насекаде. А 15 декември е денот кој ќе му даде боја на секојдневното сивило, 15 декември е денот за РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ и најновото концертно шоу на Вашиот омилен бенд!!!“, велат од Суперхикс. Тие додаваат дека им претставува искрено задоволство тоа што на концертот ќе настапат Визија, еден од најдобрите рок млади македонски рок состави. Суперхикс и пријателите…

ПОВЕЌЕ ...

Полициска станица Штип синоќа пред полноќ примила телефонска пријава дека на крстосницата меѓу улиците “Сутјеска“ и “Сремски Фронт” во Штип непознато машко лице во рацете држело сообраќаен знак, со кој мавтал кон возилата што се движеле на крстосницата. Како што информираа од МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот при што констатирано е дека се работи за лицето Б.Х.(37) од Штип кој претходно оштетил сообраќаен знак и со истиот мавтал кон возилата. „Поради видно растројство, лицето со возило на Итна медицинска помош Штип е пренесено во психијатрискиот оддел на Клиничката болница во Штип“, велат од полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Шеснаесет годишно девојче од Виница вчера било силувано во 18-годишниот У.Ќ. на градскиот стадион. -Околу 07,30 часот истата заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот, У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело, информираат од полицијата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница. По целосно расчистување…

ПОВЕЌЕ ...