Author: Media Point

Со проектирани нови ски патеки во должина од 330 километри и околу 110 км. нови скилифтови во склоп на скијачкиот центарот Банско, разноликото природно богатство на Пирин се наоѓа пред сериозна закана. Носејќи го епитетот „Европски главен град на евтиното скијање”, Банско со неговите релативно ниски цени во споредба со останатите европски скијачки центри (поготово во регионот на Алпите) претставува вистински рај за џебот на сите скијачи. Од другата страна на комерцијалниот скијачки центар (кој засега има зафатено многу помал дел од целиот масив), пак, стои еден од најдивите и зачувани природни резервати и екосистеми во Европа – планината Пирин…

ПОВЕЌЕ ...

13 декември 2017 kamenica.mk Црна Гора годинава стана 29-та членка на НАТО, но ќе имаме убава симетрија доколку можеме да и посакаме добредојде на Македонија како 30. држава членка на Алијансата во Подгорица следната година. Ова денеска го изјави Метју Палмер, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот во Вашингтон, по состанокот на Партнерската комисија на САД – Јадранската повелба, што се одржа во македонското МНР. – Потенцијалното решавање на прашањето за името исто така ќе претставува поттик за регионалната стабилност и го поздравуваме обновувањето на разговорите меѓу Македонија и Грција, рече Палмер. Прочитајте: СО РЕДИЦА МЕРКИ, ОПШТИНА МАКЕДОНСКА…

ПОВЕЌЕ ...

Изминатиот викенд дефинитивно уште многу години ќе им остане во сеќавање на членовите од српската група „Амадеус бенд“. За разлика од останатите настапи кои ги паметат, оној од минатата сабота во Кочани нема да им биде со убави спомени, пишува српскиот портал „Србија данас“. Имено, во дискотека во Кочани, понесен од атмосферата, момче пред сите ги пресекол вените. Настанал вистински хаос и први на помош притрчале музичарите и келнерите, а нивната брза интервенција, како и доаѓањето на брзата помош на лице место, му бил спасен животот. Иако сакаат што побрзо да заборават на драмата што ја видоа пред свои очи,…

ПОВЕЌЕ ...

13.XII.2017 kamenica.mk Наставничка од основното училиште во село Батнци вчера пријавила дека претпладнето, додека одржувала настава во Кабинетот дошол А.Ј.(58) и почнал да ја навредува со погрдни зборови, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканица по лицето. Како што соопшти полицијата, А.Е. се здобила со видливи повреди, оток под десното око и модринка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Научниците откриле дека голем број на луѓе ги немаат најважни супстанции кои се од суштинско значење за нормалното функционирање на организмот. Тие, исто така, посочуваат дека овие супстанции најдобро се консумираат преку одредени видови на храна, но ако се сомневате дека не ги консумирате доволно, разговарајте со вашиот лекар за да можете да добиете додаток во исхраната. Калциум: Потребната дневна количина е 1000 мг. Потребен е за силни коски и заби. Ќе го најдете во млеко, јогурт, зелен лиснат зеленчук и лосос. Витамин Ц: Потребен дневен износ е 75 мг. Неопходно е да се зајакне имунолошкиот систем и здравјето на кожата. Ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Започнуваат подготовките за претстојната „Златна бубамара на популарноста“ која годинава ќе се одржи по 21-ви пат. Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение по тој повод: Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува – добра забава! Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис –  ни остана само уште БОРИС! Затоа излезете од  општествениот  притвор и отворете ги портите за многу подобар живот! ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ, ЧАКАМ ТЕ СОС БУЈНА СТРАСТ – Нова власт, со…

ПОВЕЌЕ ...

Според официјалното известување од МВР, грабежот се случил рано изутрината околу 06.15 часот во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито“ во Виница. Во критичниот момент две непознати маскирани лица насилно упаднале внатре и го извршиле разбојништвото. Сторителите со пиштоли им се заканиле на вработените, по што ги затвориле во тоалетот од казиното, а потоа ги одзеле парите од касата и побегнале во непознат правец. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица, од каде била испратена увидна екипа. Освен известувањето дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, од Полицијата засега не излегуваат со други…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарската Влада во шок. Дозна дека запленетите биткоини во анти-корупциска операција, во моментов можат да отплатат една петина од целокупниот долг на државата. Имено, бугарската полиција во координација со Југоисточниот европски центар за спроведување на законот, во мај годинава спроведе операција во која заплени 213.519 биткоини, чија тогашна вредност изнесувала околу 500 милиони долари. Но, благодарение на вртоглавиот раст на вредноста на криптовалутата, сега тежат околу 3,6 милијарди долари. Во деталната анализа на „Зироухеџ“, се објаснува дека во Бугарија, при операцијата биле претресени повеќе од 100 адреси, осомничени и автомобили, при што биле приведени 23 лица, а биле запленети опрема,…

ПОВЕЌЕ ...

Имаме доста алармантни ситуации каде што работата на хартија е чиста, но во практиката е погрешна. И токму затоа тие и да алармираат до граѓански организации, и да алармираат до Државен инспекторат за труд се додека не се спремни да дадат изјава и да сведочат со минимум уште еден вработен од истата фирма ние многу тешко ќе го поправиме системот, рече министерката Царовска.   Ако работникот ја враќа платата на работодавачот и не е подготвен да сведочи, вели министерката, таа нема можност да му помогне. Газдите кои ги тераат работниците да им враќаат дел од минималната плата прават кривично дело.…

ПОВЕЌЕ ...

Во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, се одржа научна расправа на тема „Легализација на канабис, да или не?“. На научната расправа говореа петмина панелисти, меѓу кои и обвинителката Ленче Ристоска и судијата Владимир Туфегџиќ. Обвинителката Ристоска посочи дека во Македонија канабисот се смета за опојна дрога од прва категорија и е строго забранет, но исто така истакна дека таа е за негова легализација, во строга законска процедура. „Државата би требало да го декриминализира канабисот, но треба 100 пати повеќе од сега да врши контрола на опојните дроги“, рече Ристоска. Обвинителката потсети дека Македонија е потписник на низа…

ПОВЕЌЕ ...