Author: Media Point

27.XII.2017 kamenica.mk ОКУПИРАНА ЕСТРАДА Даниел Кајмакоски…ново лице на ТВ екраните со стари музички квалитети. Привремено ја крена македонската музичка јавност на две нивоа повисоко. Велам привремено. Даде надеж за верба во нашите квалитети, даде верба дека сепак квалитетот лесно се детектира и од обичните луѓе како и од врвните балкански музичари кои ги викаат судии во шоуто каде Кајмакоски се натпреварува. Дали ќе победи???…мислам не (од се срце посакувам), а дали ќе стане нова македонска музичка звезда не сум сигурен. Основното прашање е зошто тој талентиран момак досега нема десетгодишна успешна кариера???Зарем навистина македонската музичка сцена е навистина толку сурова…

ПОВЕЌЕ ...

Често знаеме да се разбудиме и на перницата на која спиеме да најдеме остаток од својата плунка, а поголемиот број од нас мислат дека тоа се случува сосема случајно и несвесно. Но, еве што тоа говори за вашиот сон: Обично, луѓето кои се многу уморни и ненаспани, на перницата прават мало вирче од плунка. До ова доаѓа кога сте многу уморни или пак ако сте имале проблем да заспиете, но исто така дека не сте се разбудиле во текот на целата ноќ – што значи дека сонот ви бил непрекинат. Уште едно нешто што може на укажува на оваа појава…

ПОВЕЌЕ ...

https://www.youtube.com/watch?v=jnGr3Bs6MiE Љубителите на адреналинот се собраа во Сао Паоло за да го соборат светскиот рекорд во заедничко скокање со банџи-јаже. Дури 245 луѓе одеднаш скокнаа за да го постават новиот рекорд. На овој настан беше срушен претходниот рекорд, во кој 149 луѓе одеднаш скокнаа со банџи-јажиња. Организаторот на настанот, Алан Фереира, вели дека пред скокот лично го проверил јажето на секој од учесниците. За потребите на рекордот им биле потребни јажиња во вкупна должина од околу 20 километри.

ПОВЕЌЕ ...

https://www.youtube.com/watch?v=mo0x58ckX_k За да изгледате посебно добро за вашата специјална вечер, препорачливо е да носите вратоврска. Но, што ако не знаете да ја врзете правилно? Ова видео ќе ви помогне да научите да врзувате вратоврски брзо и лесно. Врзувањето вратоврски е лесно за оние кои го научиле тоа од мала возраст, но за останатите е напор кој изгледа невозможен, посебно кога е во прашање борбата со времето и спремањето за излегување некаде. Во видеото ќе слушнете неколку зборови за историјата на вратоврските, зошто тие се наречени Виндсор, Прат и слично, а потоа ќе научите и како правилно да ги врзувате.

ПОВЕЌЕ ...

Наставниот кадар да биде слободен до 9 јануари по новогодишните празници, препорачало Министерството за образование и наука, со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесет часовно работно време во петдневна работна недела, како и намалување на трошоците за загревање на училишните објекти.   – Согласно Календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, ве известуваме дека до раководните лица на училиштата е доставена препорака деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни, односно вашите работни обврски да започнат на 9 јануари, се вели во соопштението од МОН. Оваа препорака, се додава во соопштението, е согласно…

ПОВЕЌЕ ...

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор. Надоместок ви следува за следните трошоци: 1 Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата) 2 Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство 3 Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично) 4 Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата. 5 Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар…

ПОВЕЌЕ ...

26.XII.2017 kamenica.mk Почнувајќи од ноќва кон утрешниот ден (вторник) ширум Балканскиот Полуостров полека временската состојба ќе се менува поради влијание на нов силен циклон па така ќе започне да дува ветер од јужен и од југозападен правец кој полека ќе засилува по интензитет па така веќе особено од среда и особено ноќта кон четврток на многу места на Балканот ќе дува силен јужен и југозападен ветер понекаде со ОЛУЈНИ удари и тоа со брзина од дури преку 100 км/час. Силен ветер ќе има во Хрватска, Босна и Херцеговина, должд Јадранот, Црна Гора и Србија а во четврток засилен ветер ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Сопственикот на сендвичарницата „Кинг“ во Делчево  од чии сендвичи се затруа шест лица, ќе одговара кривично. Полицијата го товари дека произвел и пуштил во промет штетни прехранбени продукти. Кривичната се темели на извештајот од санитарниот инспекциски надзор, кој во храната констатираше  присуство на фекални бактерии: Испитаната мостра на храна и брисевите од сендвичарницата „Кинг“, неодговараа на микробиолошката исправност на храната поради происуство на енетропатогени бактерии од родот на естафилококи кои лачат стафилококни токсини и бактерии фекално потекло, д-р Магдалена Манасиева, директор на ЦЈЗ Кочани. Присуството на овие бактерии беше објаснето со несоодветната хигиена во објектот и несоодветниот начин на чување…

ПОВЕЌЕ ...

Кривична за поранешниот градоначалник на Кочани, поднесе денес Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кочани. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за склучен штетен договор за субвенционирање на градски превоз. Според пријавата, поранешниот кочански градоначалник од декември 2013 до април 2014  година,  без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз, склучил Договор за вршење на јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани,. Според договорот за секој продаден билет на превозникот,  општината субвенционира половина од износот. На овој начин, тој му овозможил на  превозникот да се…

ПОВЕЌЕ ...

25.XII.2017 kamenica.mk По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства, како и огнено оружје при прославувањето на празниците, не само заради предвидените законски санкции, туку и заради опасностите што по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните ги носи употребата на овие средства. МВР ја информира јавноста дека препродавањето и употребата на пиротехничките средства, како и употребата на огненото оружје нема да биде толерирано и најстрого ќе биде казнето. Во тек се и превентивните и други активности во насока на информирање на…

ПОВЕЌЕ ...