Author: Media Point

Се ближиме кон крајот на уште една година, периодот кога меѓу другото YouTube традиционално ја објавува колаж топ листата на најгледаните видеа. Погледнете кои видео содржини ја одбележаа 2017-та година. https://www.youtube.com/watch?time_continue=32&v=FlsCjmMhFmw

ПОВЕЌЕ ...

9 декември 2017 | kamenica.mk Бугарите повеќе трошат пари за одржување на своите автомобили, отколку за опремување на домовите, наведува Статистичката агенција на ЕУ – Евростат во анализата на вкупната потрошувачка за мебел, апарати за домаќинство и одржување на домовите во земјите членки на Унијата во 2016 година. Според Евростат, просечниот Бугарин за одржување на својот автомобил троши 7,6 отсто од вкупните приходи, додека за опремување на домот одделува само пет проценти од заработеното. Податоците на бугарскиот Национален стаистички институт (НСИ), покажуваат дека за опремување на домовите, Бугарите во 2016 година потропиле околу 5,5 милиони евра. Според НСИ, за реновирање,…

ПОВЕЌЕ ...

Силвана Бонева, како член на ДИК, за првите шест месеци од годинава добила 12.000 евра за патни трошоци, објави „24 Вести“. Според телевизијата, доколку се соберат сите примања и надоместоци, вклучувајќи ја и платата како член на ДИК, излегува дека Бонева за две години наплатила од Комисијата околу 60 илјади евра. Лани, кога беше обелоденета информацијата за високите патни трошоци, Бонева се откажа од барањата за исплата на патни трошоци за следните неколку месеци од втората почовина на годината, а потоа до крајот на годината прикажуваше многу помали трошоци за пат. Сепак, од почетокот на годинава повторно се исплатени огромни суми.…

ПОВЕЌЕ ...

Покрај тоа, 61 отсто позитивно одговориле на прашањето дали веруваат во постоење на некоја форма на живот на други планети. Речиси 50 проценти од луѓето веруваат во постоење на вонземски живот и сакаат да воспостават контакт со нив. Ова го покажува студија спроведена во 24 земји, која според авторите, делумна ја објанува и популарноста на сагата на „Војна на ѕвездите”, и 40 години по објавувањето на првиот филм од серијалот. Во пресрет на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“, истражувачите објавија анкета која покажа дека 47 отсто од над 26.000 испитаници веруваат во постоење на интелигентни вонземски цивилизации во универзумот. Покрај…

ПОВЕЌЕ ...

Не е тајна дека американскиот претседател Доналд Трамп сака брза храна. Сепак, неговата типична нарачка во „Мекдоналдс“ и понатаму шокира со бројот на калориите, пишуваат светските медиуми. Поранешниот менаџер на изборната кампања на Трамп, Кори Левандовски и неговиот заменик Дејвид Боси, ги опишале во својата нова книва „Нека Трамп биде Трамп“ (Let Trump Be Trump) сите претседателски оброци со брза храна и омилените јадења. Американските медиуми го пренеле делот од најсочните детали од книгата. Се чини дека апетитот на Трамп не знае за граници кога станува збор за „Мекдоналдс“. Па така, типична вечера на Доналд Трамп се состои од два…

ПОВЕЌЕ ...

Бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик од денеска е поставена на www.pravopis.mk – потстраница на НУБ „Св. Климент Охридски“ и е достапна за сите за користење и симнување. Веста ја соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски во обраќањето по повод патронатот на Националната и универзитетска библиотека, нагласувајќи дека тоа е одлука на Владата на Република Македонија и Министеството за култура која ја соопштуваат по повод денот на просветителот св. Климент Охридски. Печатеното издание на новиот, дополнет и осовременет Правопис на македонскиот јазик, Институтот „Крсте Мисирков“ го промовираше минатата година, а оваа година објави и второ издание. Достапнот електронскиот Правопис, кој…

ПОВЕЌЕ ...

08.XII.2017 kamenica.mk (текстот во целост е преземен од архивата на официјалниот профил од општина Берово и има за цел да ја разбуди свеста кај граѓаните, да укаже дека немаштијата е последна алка која треба да влијае врз искоренувањето на коцката како порок) Спортските обложувачници се замена, но масовното класично коцкање, по кое Берово и Пехчево беа познати, полека се искоренува и се игра само „на ситно Покрај многуте проблеми што ги донесе, сиромаштијата прави и едно големо добро – речиси целосно го искорени коцкањето. Речиси и да немаше Малешевец што не се коцкаше порано, некои на ситно, а многумина и…

ПОВЕЌЕ ...

Славко Јаневски Едното око на другото клепка му краде. Меѓу себе забите се апат. Ушите не се видуваат да се зграпчат за уши. Мозокот жедно себеси се пие. Глава сум неглава. Стоглавник без глава. Громовите в љубов јас труден со молни. На луѓево чума јазик им џвака јас онемувам. Затоа на мојата лика зографска оган седалка глобочи. Секнатото езеро ми капе само од очи. Па добро очите ќе си ги ископам за да прогледа слепилото. Слушаш очите. На сликата: Споменик на Св. Климент Охридски пред Националната и универзитетска библиотека во Скопје, дело на Петар Хаџи Бошков

ПОВЕЌЕ ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва кај Три Чешми на влезот во Штип. За среќа нема жртви. Според првичните сознанија на ТВ Стар, станува збор за судир на две возила, едното од Штип а другото од Струмица. Повредени се потешко четири лица, но сепак истите се во свесна состојба и итно се префрлени во клиничката болница во Штип. На лице место се претставници на СВР-Штип кои работат на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

– Работодавците во текстилната индустрија го чекаат одговорот од Владата за замзрнување на придонесите на работниците на кои им се исплаќа плата од 12.000 до 18.000 денари. Претседателката на Кластерот за текстил, Маријана Перковска вели дека нивниот предлог, следуваше по покачувањето на минималната плата на 12.000 денари. – Одговор се уште нема, но добивме информација дека се работи на тој предлог, затоа што покрај желбата мора да се видат и какви репрекусии ќе има, односно какви импликации ќе има на полнење на буџетот. Но, сметаме дека нема да бидат многу големи зашто тоа се пари, кои нема да бидат заштедени…

ПОВЕЌЕ ...